Search This Blog

Friday, August 22, 2008

“Твор“ бомби на blog.com.mk ...

http://hemija.chem.bg.ac.yu/g47_2006/114-2.gif

Израел во борбата со екстремните/радикалните групи на протестанти оваа година првпат наместо гумени куршуми и солзавци употреби така наречени “смрдливи бомби“ ... кои представуваат запрскување на масата која демонстрира со течност која толку могу смрди што не помага ни штипка за нос ... смрдејата не поминува ни по три дена ностоп туширање и миење со било каков сапун ...

читај повеќе »

Вакви творови т.е. во случајот “човечки створови“ кога ке почнат за плукааат низ blog.com.mk ... толку многу смрди - што со својата смрдеја ги одвраќаат оние кои доаѓаат на блог - за да прочтаат некое лично мислење или видување на одредена тема ... Упорноста на овие “човечки створови/творови“ е огромна, нивната дрскост, безобразност и нискост е навистивно импресивна ... колку човек да се труди да замете од нивното труење, не помага - бидејки тие со својата упорност ги надминуваат границите на трпението на вистинските читатели, кои заради затруениот простор бегаат од постот ...

Од таквите затруени коментари се изместува и темата/тежиштето/поентата на постот, кој на крај смрди само на секретот на трујачите ... Прашање е дали е ова оргнизирана група, како што некои предпоставуваат или се тоа неколку поединци кои се хранат со својата моќ на труење ... заради смрдејата на нивните блогови имаат слаба посетеност - но трујачите шетаат по други блогови и постови ... таму труејки го загадуваат просторот ... вистинскиот читател на постот - одкога ке го исчите постот се откажува од читање на затруените коментари и губи воља во така загадена средина да остави свој кометар ... се сеќавате на принципот “с ком си, такав си ...“

Засега никој не најде лек против овие творови на blog.com.mk ... кои во најголем број случаеви храбро дејствуваат со скриени никови ... единствен успешен лек за нив е игнорирањето ... очито се импотентни т.е. не им излегува смрдејата кога со нив - не се комуницира ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter