Search This Blog

Friday, March 21, 2008

Државата прави се‘ да го собере данокот ...

Државата прави се‘ да го собере данокот ... ова не е добро, одлично е ... но - добро би било кога би немало “но“ ... но има ... по Куманово наместо “но“ се употребува изразот “дали“ ... Данокот се собира одлично од ситните трговци, малото стопанство и од граѓаните ... но големите даночни обврзници т.е. “големите зверки“ се скоро секојпат заштитени ... особено ако се со партијата на власт ... Има територии во државата во кои не важат данчните закони на РМ, поголемиот дел од западна Македонија, Арачиново особено, местата каде жариште на кризата имаше во 2001-вата ... Државата собира данок од граѓаните но нема обврска да им го реши најважното прашање - вработеноста ... државата се прави “на тоше“ ... и не ги интересираат невработените ... Немој да ми каже некој дека за тоа се грижи Министерството за труд и социјала ... може да се грижи колку сака - но нема резултати ...

Секоја година граѓаните заплашени од високите казни се пријавуваат се помасовно да платат персонален данок на приход и данок на имот ... Но зарем не може тоа да оди по некаков автоматизам ... да не се малтретираат граѓаните ... Пример си примил хонорар да речеме како демонстратор на факултет ... персоналниот данок веднаш да го плати/оној кој го исплаќа хонорарот и по автоматизам на твоето виртуелно конто да се изрази дека си примил хонорар, но дека и персонален данок е платен ... посебно е нтересно прашањето зошто се дозволува да има толкав енрмен број на демонстранти - кои го носат образовниот процес а примаат хонорар двапати помал од хигиеничарот во институцијата, се разбира истотака не се социјално, здравствено и пензиско осигурани... што е директна причина што ваквиот најквалитетен кадар бега во странство во првата можна прилика ... ако е способен за демонстратор тој е печен научен работник, а таквите се бараат ... Вака што имаме - имаме само турканици на шалтерот на УЈП да се пријавуваат стотици иљади ситни хонорарци, само за да се евидентираат ... нема нов приход за државата бидејки персоналниот данок е платен во моментот на приемот на хонорарот ... Зошто данокот на имот да не се пријавува по автоматизам ... Државата има податоци за имотот на граѓаните - даночна пријава нека им изготви на крајот на годината на база на тие податоци ... а за кириите и тоа е лесно ... десетина испектори ке ја завршат работата чукајки од врата на врата и евидентирајки ги несовесните “газди“, кои рентаат имот но данок не плаќаат ...

Посебно важно е прашањето - зошто има толку многу хонорарци кои хонорар примааат најчесто од државата ... во усови кога имаме толкавно енормо голема невработеност ...

Ни една крупна зверка не се фати и не се казни, а и тие што се казнуваат се казнуваат со несоодветно благи казни ... а ако казната е затвор на крај се помилуваат - а имотот им останува ... види неколкуте такви помилувања од Председникот ни - кои длабоко навлегуваат во партиско штитење на своите кадри ... а граѓани кои не го почитуваат редот и законот секојдневно се глобат преку сообраќајните казни и глоби за непочитување на редот и законот - кои се се европско високи казни ... Да не ме разберете погрешно не велам дека не треба да има казни ... но ми се чини дека казните се несоодветно високи ... башка иритира тоа што се изразени во евра (платежно средство сеуште ни е денарот ...)... Затоа и имаме потреба од зголемување на капацитетите на затворите (кредит за тоа земавме ...) не за тоа што е зголемон бројот на фаќање на криминалот ... како што гледаме криминалци со калашњикови слободно се шетаат по градот и пљачкаат банки , пошти, менувачници, транспорти на пари ... криминал кој е поврзан со некои политички структури, кои на ваков начин прават необележени пари за дејствување во политички кампањи и за други цели ...

- Данок на вкупен приход
- Линеарен данок
- Данок на штедни влогови од 10 проценти ...
- УЈП ... Пријавето го вонредниот приход ... и имот ...
- ДЕН НА ДАНОЧНА СЛОБОДА
- ЕСТРАДАТА затајува данок ...
- Данок на вкупен приход (петти дел)
- Стопанството по мерка на големите - особено странските инвеститори ...
- ФИСКАЛНА КАША
- ПОПЕ - дај фискална!
- Не земање фискална - казна 100 евра ... Уставен суд ...
- Бараш ФИСКАЛНА - добиваш ПРИТВОР или ЌОТЕК
- ГРАЃАНСКИ ОТПОР - кон УЈП во Струмица
- ИНСПЕКЦИЈА

No comments:

Blog Archive

Site Meter