Популарни се блогерските средби кои икс, ипсилон пати ги организираше Пинчер ... а во последно време се организираа кај Тиквичка ... но ако јас се прашувам многу подобри средби би биле оние кои би се организирале на отворено ... во природа ... на некоја убава планина ... на некој од бројните археолошки локалитети или во некој од прекрасните манастири ... да не ги набројувам местата ... Идејата е да ја запознаваме Македонија запознавајки се меѓусобно ... дружејки се ...
Сето тоа може да се организира како еднодневна екскурзија - како од времето кога бевме ученици ... со посета на неколку места по ред ... на крај би завршило се на кафе муабет во некој од бројните ресторани со убави тераси ...
Меѓу блогерите имаме и професионалци во областа на туристичката и културната презентација на Македонија ... ги повикувам да организираат вакви пролетни, летни, есенски и зимски еднодневни блогерски дружења ...
Колку знам досега имаше само една слична ваква средба на блогери со качување до средно водно ... имаше и слики ...
Во овој правец ако има идеи повелете со коментари или со свои постови ... За почеток предлагајте дестинации ... еве ги моите фаворити за Скопје:
- Водно, Марково Крувче,
- Говрлево, Марков Манастир, Таор,
- Матка и околните манастири ...
- Скопска Црна гора и околните манастири ...
- Скопско Кале, Свети спас, Аквадуктот, Скупи ...
- Стара скопска чаршија ... Тумба Маџари ...
- сигурно има уште бар десетина интересни места ... по нашето Скопје ...
Ако има интерес лесно ке се договорат дестинациите ... особено за оние кои се надвор од Скопје ... каде би дозволиле на блогерите од тие градови да бидат наши домаќини ...
No comments:
Post a Comment