Денот се погоди за садење на двцата ... неколку дена врнеше дожд колку да ја омекне земјата ... денеска е сончево за добар провод да има ... идната недела ке биде неопходно господ да подари дожд ... и така уше неколку пати во текот на пролета и летото за да се фатат младите дрвца ... Слушам дека акцијата ке течела преку цело лето - ке се полевале дрвцата ... супер .... вакви неколку години и МК ке има друг лик ... Секое засадено дрво е како раѓање на нов живот ... оние кои ке го посадат имаат можност долги години да уживат ... Иако Владата ја прифати акцијата од неколку истакнати поединци кои се здружија во една хуманитарна идеја ... сметам дека не треба ниту да се напаѓа владата дека ја “украла“ идејата ... ниту пак сметам дека Владата треба премногу да се фал и да го истакнува ова ...
Онаа огодина кога дрвјата ке пораснат како што е сега случајот со пошуменото Водно - кое некојпат го носело името Голо Брдо (бидејки било голо ... погледнете ги убаво сликите од линканиот пост) ... сите ке заборават кој го пошумувал ... само ке остане убавината од пространите шуми кои ја менуваат и микро климата во позитивна насока ...
Ни требат уште неколку континуирани вакви години за да од голите брда направиме шуми ... па на внуците ке кажуваме е тука беше голет а јас кога бев мал како тебе тука засадив дрво ...
- Посвојување на - “Млади садници“
- Посвоив парк ...
- 10 милиона нови дрвца ... планира да засади Владата ...
No comments:
Post a Comment