Search This Blog

Tuesday, March 25, 2008

Мирис на зелена трева пред првиот откос ... таму некаде околу Адана ...

Кибицер ... на својот блог Историја ... кој не излегува на насловна - во рубликата нови коментари (право на уредникот на Блогерај ...)... напишал пост за територии кои се по површина големи ... каде живее доминантно население од некоја нација ... но нема своја држава ... Кибицерот е Магистер на Историските науки ... а Историја пишува како да е Физика ... по изјава на Рефлексии ... а богами знае да пише и убав расказ ... голем љубител на убавините на Матка ...

- Борба за независност: Народи без држави ...

курдистан знамеКурдистан

Курдистан

... Бидејки бев подолго време во Ирак а патниот правец од Адана до границата на Ирак го има возено повеќе од дваесет пати оставив кај Кибицерот коментар ... кој тука прераснува во пост ... Секако препорачувам да го прочитате постот на Кибицерот Борба за независност: Народи без држави ...

** Картата на Курдите во Ирак ти е премала ... целиот северен дел од Ирак е со претежно курдско становништво ... така и во Турција ... ги има во појасот покрај Ирак и Сеирја се‘ до Адана ... уствари сега видов подобро за Ирак фали мало проширување на северниот дел ... Тие можеби немаат држава но локално ги имаат запоседнато овие територии кои се претежно планиски и тоа без шуми ... голи брда што би се рекло ...

Во новата ситуација во Ирак бидејки Курдите беа на страната на Америте - дадена им е јака локална самоуправа ... нешто слично како покраината Косово пред распадот на ЈУ ... За десетина години тоа ке биде првата курдска држава во светот, со оглед на големото залагање на шиитите за југот на Ирак ... на дел од територијата кој го контролираат Курдите во Ирак има и јаки извори на нафта ко не се премногу експлоатирани до сега ... Турција тоа го знае и затоа ги ништи ... но Америте сакаат кризнио контролирани подрачја ... и така све во круг ...

Патнот правец од Адана до влезот на границата со Ирак го имам врвено преку дваесет пати ... на времето немаше ни асфалт ... макадам брат ... и Курди ... понекоја коза, овде онде тревка и тоа сума ... сонце ... ни трева има, ни бутур има ... курди кои бараат цигара, како нашите циганчиња по раскрсниците - ако не им дадеш отиде шофершајбната ... Ноќе бидејки немаше хотели се спиеше во оградени плацеви кај некоја бензинска пумпа ... Од Адана до границата со Ирак има скоро 2000 килметри ... таа теорија неможеш да го поминеш во еден ден ...

Во една прилика кога се враќав од Ирак од тој правец ... не бев дошол повеќе од година дена дома ... кога околу Адана ја здогледав првата трева ... застанав и половина сат како будал ја мирисав свежата трева - чиниш ко коњ кога ке види убава трева ... И ден денеска кога ке видам убава трева, особено пред првиот откос во пролет, застанувам ... кинам од тревата и ја мирисам ... го сакам тој мирис на свежа трева ... или окосено суво сено ... ова вториов мирис пак ми буди некои други чувства ...

Сега Турција тој дел особено меѓу реките Тигар и Еуфрат .... кои извираат во Турција, го има направено вистински рај ... Направени се големи брани на водите на Тигар и Еуфрат ... Глигоров пред десетина години беше на отварање на едната брана ... десетина години се врши десоленизација на земјата ... и бидејки огромни површини се сега под вода ... не е случајно што најубавите помаранџи, лимуни и мандарини се од Турција ...

Турците во тој дел направија вистинско чудо ... од пустинска степа во зелен рај ... Турција силно чекори кон својата економска независност и конолидација на животниот стандард ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter