Search This Blog

Friday, March 21, 2008

Славе од Грнчарица кај селото Крупиште, во близина на Штип ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/5058B227F099CA449204B43CEEBDB3DA.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/DC9832B6DF68E94693788014AB62009A.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Си живеел некој Славе близу до Штип ... ова не е никаква вест ... но ако Славе живеел 7000 години пред христа ... е тоа е вест од светско значение ... во тоа време бројноста на цивилизираните луѓе е неколку стотини иљади ... а Славе си живеел блзу Штип не во Лондон, не во Њујорк ... не во Атина ...

Ова е уште еден наод од пребогатите археолошки наоѓалишта во Македонија ... каде и да копнеш има гробни места и остатоци од живеењето а минатите цивилизации ... не е случајно што земјата се спомнува и во Библијата ...

Во најстарата неолитска населба во Македонија - Грнчарица кај селото Крупиште, во близина на Штип, откриен е скелет на маж, за кого се претпоставува дека потекнува од праисториско време и дека е најстар на Балканот. Првичните претпоставки се дека скелетот е погребан 7.000 години пред новата ера.

„Станува збор за ретко откритие кое ќе даде значајни одговори за организацијата на животот на луѓето седум илјади години пред новата ера“, рече на вчерашната прес-конференција м-р Трајче Нацев, виш кустос археолог од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Штип. Нацев раководи со проектот за археолошките истражувања на осумнаесет археолошки локалитети по должината на трасата на која беше предвидено да минува цевководот од ХС „Злетовица“ за Штип и Свети Николе.

„Скелетот го најдовме легнат на левата страна, нозете му беа подигнати до черепот, а рацете собрани. Тоа е карактеристика за начинот на кој биле погребувани луѓето од праисториското време. Местото каде што ги најдовме остатоците укажува дека тоа не е класична некропола. Затоа остана да утврдиме дали мажот бил закопан во сопствената куќа, што е карактеристика за раниот неолит“, вели Археологот Трајанка Јовчевска ... Староста на скелетот ја утврдивме врз основа на ископаниот материјал на овој локалитет, кој укажува на постоење населба од раната фаза на неолитот ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter