Насловот е една од замките кои се содржат во последниот предлог на Нимиц ... Еве како Дора Бакојани се обраќа во грчкиот парламент ... „Сакам да му упатам јасна порака на скопскиот народ дека Грција е добар, многу добар сосед и оти сака стабилност и натамошен развој на нивната земја, бидејќи тоа е во интерес и на грчкиот и на скопскиот народ“ ...
Изведено од тука е и терминот “Скопска нација“ ... “Скопјани“ ... Струмјан ... добро приметува во својот пост дека ова беше еден од првичните предлози кои на времето ги фаворизираше Грција ... а и во нашиот парламент се расправаше - но без заклучок бидејки на крај Грција се изјасни дека е против ваков предлог ...
Дали е потребна нова расправа во нашиот парламент ако нема согласност од грчката страна ... мислам не ...
Има една изрека кај англичаните ... “ништо не е готово додека не чукне дебелата берта ...“ (се мисли на познатиот БигБенд ...) ... така да до нато самитот во овие неколку дена можни се уште многу пресврти ... по мене се говори дека до договор нема да дојде ... Грците сега како да ја префрлаат топката во ОН ... сакаат да не биде ... т.е. ДА НЕ НЕ БИДЕ ...
No comments:
Post a Comment