TATUSHKO
Преку мојата керка - која заедно учеше средно со керката на tatushko (Марија) пред малку дознав дека од утринава tatushko не е повеќе меѓу нас - ја изгубил битката со болеста за која самиот пиша повеќе поста ...
Остана неиспиено кафето и пивото на расладената тераса во неговиот дом - кое ми беше ветено минатата есен ... остана неостварена и неговата желба лично да се запознае со одделни блогери ...
Изразувам сочуство кон целата негова фамилија за трајната загуба ... Ова е колку знам прво збогување со еден активен блогер ... Погребот ке биде веројатно утре ...
No comments:
Post a Comment