Денеска решив во складот со моите убедувања да го посвојам паркот пред дуќанот ... Нели е време кога сите треба да посадиме барем по едно дрво ... Добро не очекувам дека ке зајдам како славниот парк на музиката ... но и патот до месечината почнува со првиот чекор ... Цел ден на убавово време го греблав паркот од стари лисја, разни кеси, камења и слични одпадоци ... Си купив неколку пили и ги кастрев дрвјата во паркот ... сувите и многу ниските гранки ... Ке морам да купам ашов и копач ... Комшии/ комшики шетаа и повеќето се чудеа ... нема ли човеков попаметна работа ... мислев некој ке ми се приклучи во средувањето ... но останав само на мислењето ...
Во паркот има дваесетина дрва ... неколку врби од оние жалните ... неколку липи ... неколку брези ... неколку диви костени ... багреми ... и некои други дрвја на кои не им го знам името ... Овие дрвја ги засади паркови и зеленило (пред петнаесетина години) во времето кога имав тука еден друг дуќан ... а бев добро спријателен со шефот на паркови и зеленило од овој крај ... Слушнав човекот починал ... бог да го прости ...
Особено е критично едно дрво под кое летно време се тепаат комшиите кој прв под него ке ја паркира колата ... Немааат приметено дека дрвото толку многу се има наведнато на страната накај паркингот ... Три недели викам некој од одговорните за паркови и зеленило ... никој не доаѓа ... решив критичните гранки ке ги одсечам сам ... денеска под дрвото гледам се паркирале еден Мерцедес и Џип ... жалосно е младите капиталисти да останат без своите љубимци ...
Трипати се испотив и потрошив енергиија како да се качив на врв на Водно ... еден комшија од помладите ми рече дека денеска на Водно било рој од луѓе ... е да, тој ми помогна да пресечеме неколку гранки ...од она дрвото кое е опасно за колите ...
Ми останаа сега уште неколку купчиња суви лисја и шут да ги фрлам во контејнер и верувам ке спијам како бајче ... убавиот воздух очистен од вчерашниот јак ветер беше лек за моите плуќа ...
Да, ке заборавев нарачав неколку ружи да ми донесат а планирам да посадам и некои други цвеќиња ... има по околните дворови ... ке прашам како се садат и одржуваат ... Се надевам дека паркот ке ми врати со својата природна убавина и мирис ...
No comments:
Post a Comment