- Еден човек бил кај љубовницата која живеела на 50. кат од скопскиот Менхетн.
- Арно ама, ненадејно дошол мажот и овој, за да избега, морал да се скрие на симсот од прозорецот. Се лизнал и паднал.
- Паѓајќи педесет ката имал време за туфкање. Си викал: "Што ми требаше љубовница, си имам златна жена, златни деца, државна служба, топол дом, супер ми е, жена ми не ме нервира...".
- Пред да тресне на улицата поминувал еден камион со сено. Несреќниот љубовник имал среќа и паднал во сеното.
- Станал, се зачистил малку и си рекол: "Ту, ту, мала криза и одма гомна да се јадело."
No comments:
Post a Comment