Прочка е еден од најславените празници во Македонија и во пошироките балкански простори ... Овој ден се искористува за посета на постарите од фамилијата за традиционално да им се побара прочка ... се едно дали некј им згрешил или не ... Обично се меси убава пита под вршник ... онаа тенката па згужвана .... мммммммм ... бабами ја викаше баница ... и прекрасно ја правеше ... на крај се амкаат јајца ... демек оној кј ке го фати јајцето - само со помош на уста ке биде сречен и ке го служи здравјето ... сето ова е пропратено со смеја и радост кај постарите ...
Поклади представува започнување на постот ...
Развигор - ни дава линк кон едно истражување Простувањето како терапија против стрес? ... како и да е на овој ден кој е исполнет со фамилијарна дружба и смеа сигурно дома се оди со доза на исполнетост и среќа ...
Прилеп деновиве традиционално организира карневал ... Мечкари ... а во Струмица се денови на детски маскембал ... Според стариот обичај маскирањето е симболот на овој ден. Се верува дека преку маскирањето ќе се простат гревовите и ќе се истераат злите духови и злото.
** Блаже Конески Прочка ...
** Денеска и во Скоје ќе се одржи традиционалниот хепенинг „Прочка 2008“ на кој ќе учествуваат 11 фолклорни ансамбли од Скопје и од внатрешноста. Хепенингот ќе започне во 10,30 часот на плоштадот „Македонија“, а ќе продолжи на платото пред Транспортниот центар. Организатор на манифестацијата е Железничкото културно-уметничко друштво „Владо Тасевски“.
** Како се празнувала Прочка во Скопје
** За прочка постови има и кај prva liga: прочка ... Maskerati: Прочка ... ОД УМОТ ДО СРЦЕТО: ОСМИ МАРТ - ДЕНОТ ПРЕД ПРОЧКА ... лебедот: Прочка во Прилеп-Повелете!!! ... Развигор: Прочка ... ПРИЛЕП: ПРОЧКА ... myblog: Прочка-Карневал во Прилеп ... Kimi-ПРОЧКА ... виолетова's blog-ЗА ПРОСТУВАЊЕТО ...
Со овој пост еве вака по електронски пат барам прочка од сите на кои сум им згрешил во текот на минатата година ... а просто нека им е на сите кои мене ми згрешиле ...
No comments:
Post a Comment