Мајками која вече неколку години е болна од леукомија стално има маче во своја близина ... да и прави друштво ... Ова маче кое тука ке Ви го представам се наметна само за гостин ... Еден ден кога одев на посета кај мајками со сопругата едно малецко маченце се шеташе околу колата ... и велам на сопругата ај да го однесеме кај Нане ... ке и прави друштво ... а бидејки има двор ке има и добар дом ... Тука во Ново Лисиче може ке најде дом но тоа ке е стан - а становите за домашните животни ги сметам за затвори ... И така и бидна ... го однесовме мачето ... кое едвај да имаше две недели ... порасна брзо ... Бидејки го однесовме некаде околу нова година го доби името “Новко“ - се разбира беше машко ...
Предминатото лето мајками реши да ја посети сестрами на море - која на црногорско приморје има своја викенд куќа ... за да не остане мачето само ... го земав на гости и така настанаа овие фотки:
01. Бело маче
02. Маче со зелени очи
03. Маче со испружено јазиче
04. Маче на тераса (нејќе маче млекце ..)
05. Маче во песок
06. Маче се спрема за скок ... колку само вежбаше за лов ... ке му пуштевме нешто округло мало ... бомбона ... орев ... ке се играше со него до бесфес ... ке го оставеше ... ке се повлечеше настрана некаде подсокриено ... и оп ке му скокнеше ...
07. Маче во двор ... сепак најприродно место за маче ...
Можете да замислите како е со маче во стан макар и за десетина дена ... иако му донесов песок за да мочка ... тоа таму мочкаше само неколку дена ... после изгледа и него почна да му мириса па си мочкаше по цвеќињата низ дневна ... поучено од цреќињата од кај мајками ... По неколку дена целиот стан ми корнеше ... особено кога ке отидев на тераса ... еднаш го сменив песокот но брзо се врати ситуацијата ... На крај видов невидов го вратив кај комшиите во двор ... купив доволко јадење за да го хранат ... а си спиеше на терасата кај мајками каде има кауч ...
Мачето ми го знаеше звукот на колата и кога ке дојдев кај мајками ке се дошуњаше однекаде ... За жал мачето живееше само две ипол лета ... некој го имаше отруено ... во меѓувреме ги имаше и првите борби со поголемите мачки ... веројатно борба за простор ... а/или за некоја женска ... Еден дел го гледам беше цел изгребан по муцката и грбот ... добро се борел ... му помина за неколку дена ...
Тоа беше трето маче кое го чуваше мајками во нејзиниот двор ... сега ми е жал да однесам друго ... но ако најдам некое со слични очи на Нофко ... секако ке и однесам ... Привот мачор кој го донесе братми кај мајками се викаше “Алкипијат“ ... а за второто маче не се сечавам на името ...
На инсистирање на
Publikum е додадено ноговото маче ...
мислам дека многу блогери ке му љубоморат на мачето на
Publikum"Шта би дао да си на мом мјесту"
No comments:
Post a Comment