Што добиваме со влегувањето на НАТО ?
Нема Mакедонец кој е против овие интеграциски процеси (НАТО и ЕУ) - надевајки се дека тоа ни е единствена “ваилд карта“ да ни биде подобро ... да се осетиме безбедни и економски ослободени - да се интегрираме ...
Но НАТО и ЕУ интегрирањето стално за малку ни одбегнува ... не одминува ... не е дека не сме ги исполниле стандардите на време ... зарем Бугарија и Румунија ги исполнија ... Нашиот прием во НАТО и ЕУ мора да го сфатиме - само како политичка воља на НАТО и ЕУ земјите да не примат во нивните редови ... како ЕУ мала држава која, ако не влезе во интеграцијата на овие два система ке нестане ... ке ја нема ... Токму поради ова последнава констатација (ке нестане ... ке ја нема ...) сите наши четири соседи се трудат да ни одмогнат во оној момент кога опасно ке се доближиме до целта - до приемот на НАТО и ЕУ ... Е имаме и внатрешни кочничари за кои зборував во еден друг пост ... имаме и трет брат кој одвнатре се труди да не ни тргне ...
Не беше тешко да се предвиди како ке се одвива последната миља на нашето зачленување во НАТО ...
Има една друга заблуда ... ние залудно се надеваме дека НАТО ке ни ги реши внатрешните отворени политички судири мешу поларизираните етноси ... особено судирот меѓу Македонците и Албанците ... НАТО внатрешните прашања не ги решава ... НАТО евентуално ке не брани од надвор ...
Ова “бранење“ на МК од странски сили е помалку смешно ... но си има своја цена ... некаде меѓу 4 и 7 проценти од буџетот на МК ... плус војници кои МК ке ги плаќа во странски мисии каде се штитат интереси на НАТО (Авганситан, Ирак, Босна, и незнам каде уште не ...) ... Не е умесно да се споредува НАТО со разни мафијашки кланови кои велат “... ние ке ве браниме ... но за тоа мора да платите ...“ Така и НАТО си има своја цена ... мора да сме по стандардите на НАТО наоружани ... што практички значи мора да купуваме наоружање од НАТО производителите на оружје ... мора со одреден прцент на војници да учествуваме во кризните жаришта ...
No comments:
Post a Comment