Search This Blog

Sunday, March 23, 2008

Поштар ...

Сликата “http://www.star.taratur.com/files/foto/taratur.com_poshtar.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/51/Estatua_El_Cartero.jpg

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/e/e0/Post-cycle-Cologne-508.jpg

И да врне и да вее ... и зима да коси ... поштар пошта носи ... Вака од милост кон поштарите некојпат се пееа песнички ... А професијата поштар, железничар, учител, полицаец и поп во минатото беа ценети ...

Денеска бев поштар ... разнесував флаери ... Населбава моја Ново Лисиче да ти имала преку 5000 станови ... по просек четворица ... тоа се 20.000 жители ... цел град ... Едвај успејав да разделам 1000 флаери и капнав ... сите коски ме здоболеа ... Не било лесно да си поштар ... Поштарите онака нарамени со писма, весници, пратки ... се вистински херкулеси ... алал вера тешка физичка работа било тоа ... А и опасна особено пензии кога носиш ... неколку поштари страдаа ... беа пљачкани и тепани ...

Второ што ми западна дека 95 проценти од влезовите се широко отворени ... не се заклучуваат ... а поштанските сандачиња се вистинска приказна ... остарени ... рѓосани ... испокршени ... Навистина вистинска некултура на граѓанско живеење ... башка деца пиромани - кои ги палат ... грозно ... Поштанскот сандуче е еден мал влез во нашиот дом ... и е огледало на нашата култура на градско живеење ... Колку само малку пари треба одвреме навреме поштанските сандачиња да се освежуваат ... Кога ке се сетам по америчките филмови дека поштанските сандачиња изгледаат топ ... овие нашиве се за документарец ... Веројатно ке чекаме ЕУ да не опомене ... да рече додека не ги доведете поштанските сандачиња во тип топ состојба ... не сте зрели за ЕУ ... меѓудругото ... за лифтовите и противпожарната опрема пишував другпат сега само уште еднаш да ги спомнам ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter