Утрово влезе човек во дуќанот со молба да надополни кредит на мобилниот ... и да му појаснам како да го употребува телефонот ... го добил на поклон од роднина - неговиот му цркнал, го удавил во вода ... Ја завршивме работата ... на крај ми се пожали дека не гледа од пустата шекерна болест ... ослабел од неа 40 килограми ...
Што ми требаше да го прашам “Како го доби шекерот ...?“ ... Ми вели: “... подобро да незнаеш комшија ... Добив фрас кога пред десет години ми го дадоа за првпат решението да одам на принуден одмор“ ... работел како електричар во ОХИС ... десет години е без работа ... и женаму стечаец од Наше Дете ... синот е инвалид од последната војна - летал десет метри во воздух кај Љуботен ... преживеал но никако да искочи од психичките трауми ... Живее во стан - но десет години е без парно ... “Како се грете комшија ?“ - го прашувам ... “Имам калиева печка која се уклучува само во дневната ... само поручек и тоа само два саати - да замлачи“ ...
“Од што живееш комшија ?“ ... “незнам“ - ми вели ... “... братми еднаш неделно ми носи по неколку кеси храна - има мало дуќанче ... а јас тука покрај Вардар направив бавча ... Чувам две кози и кокошки ... продавам свежи јајца“ ... “Жената сега работи ли ?“ - го прашувам понатака ... “ ...да работи колку да оди на работа во една приватна текстилна фабрика и даваат 5000 денари ... нема превоз, нема хранарина, нема социјално ... кога ке одбиеш превоз и хранарина работи за 1500 денари месечно“ ...
“Заради шекерот чекам инвалидска пензија ... но од ОХИС треба да ми платат уште 10 месеци доприноси (некои петсто евра ...)“ ... вели ... “одам го прашувам сегашниот директор - зошто овие петсто евра не и ги плаќате ... ми вели нема пари фабриката ... добро му велам а од кај најде 800.000 евра да платите за проценка на капиталот на ОХИС а моите 500 евра не ги плаќате - за да почнам да примам пензија ... Им запретив вели ... ке одам, ке купам пиштол за ефтини пари и ке ве потепам сите ... и така животот ми е уништен“ ...
Од кај си му велам потекло ? ... “Од Љуботен ... таму ми страдаше и синчето ... да знаеш вели - дека “комшиите“ и ден денеска ни ги палат таму куќите ... пред месец дена ја запалија куќата на чичкоми ... само што почина и на крајот на 40 дена ја запалија ... дури ни во весник не пишува за тоа “ ...
“Го среќавам вели пред некој ден стариот директор во трговски центар (Јорго Ќука) ... се шета со дваица бодигарди ... се поздравивме и му велам ... ме упропастивте директоре ... жив мртовец сум ... а тој кратко ми рече ... таква ти била среќата и судбината ... малку го подигнав гласот и веднаш ми се пуштија дваицата бодигарди да ме натепаат ... среќа приде полиција и ме спасија од ќутек“ ...
Искочи комшијата низ врата а мојот ден остана со горчлив вкус во мојата душа ... Колку ли вакви судбини има во Македонија ... Секоја за себе е роман ... Кој е кривецот за ваквите судбини на поединците ?? Ке гори ли некој во пеколот ??
No comments:
Post a Comment