Во Владата на Груевски шкрипи ... два министерски кабинета се подолго време со министри во оставка ... НСДП подолго време најавува дека ја преиспитува соработката со Владата ... а еве и ДПА испорачува фактура ...
Владата е притисната и со проблемот со името ... ке има или ке нема покана за НАТО ... Од друга страна опозицијата се пробуди и ја напаѓа Владата за неостварените ветувања во областа на новите инвестиции и немањето на нови работни места ... порастот на цените и инфлацијата која искочи такаречи од никаде ... Дури и сидрото на ВМРО-ДПМНЕ - рејтингот на груевски ... како да се мрда ...
Дали и во Македонија ке имаме оваа пролет (најкасно до есен ...) вонредни парламентарни избори ... сеедно дали ке бидат по желба на ВМРО-ДПМНЕ (заради високиот рејтинг ... или евентуалниот прием во НАТО ...) или поради разидување на коалиционите партнери во власта ... Можно е да се повтори и сценарио на повторна “политичка проституција“ ... како во времето на Владата на Георгиевски и Топурковски ... кога заради политичка корист пратениците на ДА поминоа во редовите на ВМРО-ДПМНЕ ... Ваквото сценарио започна со преминувањето на дваица пратеници од НСДП во ВМРО-ДПМНЕ ... кои заедно со предходниот премин бројат веќе три пратенички пребега ...
За месец дена по самитот на НАТО ке се избистри политичката магла која сега се надвиснала во МК политичко миље ... Во “политичката магла“ која се спушти над Македонија сите сакаат да профитираат ...
No comments:
Post a Comment