Одсекојпат сум бил противник на оружјето ... бидејки неговата намена е да пука и да убива ... Често знае да пука и само од себе ... како што е последниот случај во Албанија - со складираното огромно количество на муниција и друго оружје од пред четириесетина години ... Цела планина во Албанија се урнала од експлозијата по подземните складови за муниција ...
Албанија во времето кога е купувано оружјето беше една од најсиромашните економии во светот и секако најизолирана ... Оружјето кое албанците го складирале за де ги одбрани ... од незнам кого ... сега уби повеќе десетина албанци ... неколку стотина тешко рани ... и девастираше поголема територија ...
Ова е голема поука за малите земји и економии дека ниедно оружје неможе да Ве одбрани ... туку напротив само ке Ви наштети ... еднаш кога ке го купувате, вторпат кога ке го чувате и конечно третпат кога ке го уништувате ... Колку само школи, болници и патишта можела Албанија да изгради за тие пари ...
Овој случај со експлозија во магацините на муниција во Албанија мора да ги замисли нашите власти ... за нашите мунициски складишта ... сигурен сум дека такви воени складишта ако не и поголеми има и во Македонија ... ЈУ армијата го повлече оружјето, но не и магацините со стари складишта на оружје и муниција ... сигурно ги има и низ Македонија ... Не е случајно што цели планини во МК беа, а делови од нив се сеуште забранета зона за цивили ... Ке му текне ли на некој да праша “Има ли во МК складишта со стара муниција како во Албанија ... што се прави таа да се деминира ??!“
Ако пукна во комшиите веројатноста да пукне и кај нас е голема ...
No comments:
Post a Comment