По серијалот на средби на релевантните политички структури во Македонија ... во врска со најновиот предлог за името даден од посредникот Нимиц ... за понеделник е закажана седница на МК Собрание ... и се одчекува заклучоците од таа седница да бидат званичен одговор на последниот предлог на Нимиц ...
Колку се сеќавам ова ке биде по вторпат да расправа МК парламент за предлог име за кое Грција нема дадено соглесност ... Што ке добие МК преговарачки тим со оваа седница на Парламентот, во услови кога нема конечна разрешница на спорот ... веројатно само уште една долга и нервозна седница ... своевиден народен театар ...
На седницата веројатно ке пробаат да профитираат сите - во светло на изборите кои веројатно ке се случуваат по НАТО самитот во Букурешт ... ке се изнаслушаме нови тиради на обвинување кој какво зло му донел на МК народ - во време кога разумно и мудро треба да се носат тешки политички одлуки со единствени ставови ... се плашам дека сето ова ке не носи назад ...
Би сакал да го имам записот од декемви 1992, кога Собранието расправаше за предлогот на Робин О'Нил, кој беше европретставник за решавање на проблемот со признавање на Република Македонија, го предложи името Република Македонија (Скопје), што прво го одби Грција а веднаш потоа го одби и македонскиот парламент.
Дали ке се повтори историјата ... Грција го одби и сега ... а во понеделник Нимиц може ке искочи со нов предлог ... иако расположението на големите политички партии во Собранието е за предлогот на Нимиц ... осем ВМРО-ДПМНЕ ... кој бара референдум ...
Во врска со референдумот за името ... ако дојде да се гласа за него Македонскиот народ глатко ке го одбие ... исто како што и Грчкиот народ глатко ке одбие да прифати име за нашата држава во кое се содржи зборот Македонија ...
Затоа и странскиот фактор на чело со Америте бараат политичките елити да ја донесат одлуката во име на МК народ ... како нивни представници ... сега проблемот е во тоа што некој ке изгори ... но тоа е судбината на политичарите
No comments:
Post a Comment