Едвард Џозеф кој за време на кризата беше тука како представник на некаква “Кризна група ...“ и мешетареше во МК ... сега одненадеж насетувајки повторно “политичка мрша“ - долета повторно во Македонија ... за да не заплашува ... во стилот што би било кога ми било ... се представува како голем пријател на Македонија ... а моето чувство не го вели тоа ...
** А1 интервју со Едвард Џозеф, известувач на Меѓународната кризна група за Македонија ...
- Претставникот на кризната група одбегна да одговори дали солуцијата „Горна Македонија“, што би се употребувала во билатералните односи со Грција, е големиот deal на премиерот Георгиевски за распродажбата на државните и националните ресурси.
- Тој посочи дека имал добар прием во Атина, каде на отворен начин го претставил концепт за решението на спорот со името. „Сепак, не можам да кажам дека тие ќе го прифатат тоа. Ние не сме посредници. Не е наша работа да убедуваме една страна или друга. Работа ни е да предложиме решение за некој проблем“, изјави Џозеф.
- На прашањето дали присуството на ОБСЕ и НАТО ја прави Македонија протекторат на меѓународната заедница, претставникот на кризната група категоричен: „Тоа е сосема неточно.
- „Најважно е уставното име Република Македонија да биде меѓународно признаено без ограничувања. Нека го реши Македонија најважното прашање за идентитетот. Тоа е името.
** Ако не влезе во НАТО, Македонија нема да постои за 10 години
- Македонија нема да постои за 10 години, ако на претстојниот Самит на НАТО не добие покана и не стане член на Алијансата. Ова во ексклузивна изјава за Нетпрес го кажа Едвард Џозеф, поранешен директор на Меѓународната кризна група за Македонија, а сега професор по меѓународно право на “Џон Хопкинс“ универзитетот во Вашингтон, САД.
- Во извештајот што Едвард Џозеф за МКГ го напиша за името, во 2001 година, побара земјава да се именува Република Македонија, но во латинична транскрипција на Македонски јазик ...
** СПОРЕД ДИПЛОМАТСКИ ИЗВОРИ ВО ВАШИНГТОН
Судбината на Македонија ќе се решава на самит во Берлин?
На самитот ќе му претходи решение за спорот меѓу Скопје и Атина за името на нашата земја, а заслужен ќе биде новиот посредник Хавиер Солана
Дневник-Број 1727 сабота, 18 март 2006
- Меѓународна конференција за Македонија се предвидува да се организира в година, најверојатно во Берлин, дознава "Дневник" од дипломатски извори во Вашингтон. Конференцијата, на која ќе учествуваат и земјите-соседи на Македонија, ќе се одржи во април или во мај, посочуваат изворите. Се тврди дека оваа конференција, која ќе ја спонзорираат Европската Унија и САД, може слободно да се нарече "втор Версај".
- Неофицијално дознаваме дека во врвот на ВМРО-ДПМНЕ многу се возбудиле поради завчерашната изјава на Едвард Џозеф, известувач на Меѓународната кризна група, според која, премиерот Георгиевски во разговор со грчките власти се согласил со употребата на името "Горна Македонија", но не билатерално, туку на меѓународно ниво. Претставници од партијата на Георгиевски најмногу се интересирале за мотивите поради кои Едвард Џозеф јавно го соопштил сознанието што наводно го добил од "релевантни и доверливи грчки извори".
** меѓународната кризна група во текот на 2001-ва понуди предлог за решавање на спорот што подразбираше Македонија да биде призната под уставното име кое во меѓународните институции би било испишано на латиница и без превод.
Предлогот сугерираше во билатералната комуникација со јужниот сосед Македонија да го употребува името Горна Македонија.
Не се знае со кои политичари во Скопје се сретнал Џозеф, но се смета дека неговата посета е дел од американските напори да се притисне Македонија да изнајде компромисно решение со Грција за името.
1 comment:
Na Edvard Djozef mu posakuvam da umre od bela leukemija, poleka i vo maki.
Post a Comment