Тумбе Кафе е излетничко место кое према пишувањето на новинарите од Битола е запуштено - како што е запуштено и излетничкото место Сарај во Скопје ... Можеби поради Градскиот стадион во Битола кој се наоѓа под Тумбе Кафе ... топонимот ми е врежан во главата, иако никојпат не сум бил таму ... Шкембарите често на стадионот имаа навивачки и не само навивачки пресметки со Комитите од Скопје ... Со мала помош на интернет ке подучам што за Битола представува Тумбе Кафе ... Малку се изненадив колку малку написи има за Тумбе Кафе ... а и фотки недостасуваат ... па битолчани ајде покажете се ...
Тумбе-кафе, како излетничко место, е изградено во 1892 година во времето на битолскиот валија Абдул Керим-паша, во периодот кога е изграден стариот театар и кога е отворена железничката линија Битола - Солун. Тука било главното собиралиште на битолскиот еснаф, на градската буржоазија, а еден век се создавала и песнопојната традиција со ладна бира и шеќер-локум за најопеаниот град на Балканот. Последните четири децении, градските власти го заборавија Тумбе-кафе и неговата традиција. Во повеќе наврати се уништени канделабрите, клупите и ресторанските објекти се искршени и разурнати, а објектите на трим-патеката се откорнати. Дрвјата и растителниот свет се целосно уништени, а зоолошката градина е во катастрофална состојба.
За битолчани најчесто и најпривлечно е на Тумбе Кафе. Можеби и токму затоа ова познато излетничко место е често опеано во песните и поезијата. За убавата природа околу него, за ладната бира што таму се пиела. Да се престојува во Битола, а да не се посети Тумбе Кафе било исто како и да не се види и почувствува конзулството, боемштината, граѓанштината на Бабам Битола. Таа традиција ја негувале многу генерации. Се искачувале на Тумбе Кафе со пајтони во друштво на свои најблиски. Оделе на "тефериџ", на излет во природа. Да се видат со пријатели, но и да бидат видени. Со нови фустани, шапки, бастуни. Со убави моми, стројни домаќинки.
- Постарите раскажуваат дека традицијата за престој на Тумбе Кафе ја создале агите и беговите, а ја прифатил и дипломатскиот персонал од конзулскиот период во отоманското царство. Местото било мало, но преполно со луѓе. Се шетале, се среќавале. Се разбира, најмногу богати, а потоа и бекрии - велат старите битолчани. Местото наречено Тумбе Кафе се наоѓа на источната страна од градот, пред античкиот локалитет Хераклеа Линкестис. Таму имало угостителски објекти, се точела бира, а за што попријатно престојување била изградена и летна театарска сцена, зоолошка градина. Во вечерните часови трештела музика, се играле танго и валцери. Местото станало привлечно и за многу надворешни посетители, туристи.
Најатрактивни биле првомајските празнувања. Музичарите се надгласувале со бимбилите, уживале во зеленилото, цвеќињата, во погледот кон градот и неговата околина, кон белиот Пелистер.
1 comment:
na tumbe kafe ne sum bila eheee edna decenija nekade....isto taka tamu se naogja i zooloshkata gradina na Bitola. Pametam deka koga bev mala, ama ona mnogu mala (do kaj 10 godinki) tumbe kafe ushte tatneese so zivot, imase mnogu lugje koi setaa, imase prodavaci na se na skalite, imase mnogu ubava traka za trcanje i mnogu ubav pogled od vrvot. Mestoto koe e slikano izgleda taka okolu 15 godini minimum pretpostavuvam - bidejki jas nekade 98 posleden pat bev nekade tamu i bev mnogu razocarana. za sreka devojka (mi se cini, kako shto imam citano porano) od moj klas gimnazija (da se pofalam:) go proektira novoto tumbe kafe - pa se nadevam deka ke bide ushte poubavo otkolku shto bese
Post a Comment