Search This Blog

Monday, March 03, 2008

Споменици во мојот сокак

Сликата “http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/DD8201E969E6DD4393C8F704A254CA78.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Во МК е еден галиматијас на никнување на споменици ... Како која власт доаѓала ги рушела спомениците од предходната и си поставувала свои ... Така имаме менување на споменици на Србите, Бугарите, Турците ... зависно кој владеел со МК ... се разбира старите се рушени ... По втората светска војна партизаните како победници во војната поставија свои споменици и бисти на народни херои ...

Зголемен хаос со спомениците имаме по осамостојување на Македонија ... Најпрвин имавме долг период на скрнавење на спомениците ... со пишување на графити ... потоа се помина кон крадење на бистите и написите ... Албанскиот фактор во новава војана - која имаше примеси на граѓанска војна - во своите простори изгради импознтни споменици на нивните паднати херои на војната УЧК и ОНА ... па така имаме школи со импозантни споменици на паднатите борци на ОНА и УЧК ... врв на спомениците на Албанците беше градењето на споменикот на Скендербег ...

Бугарија преку Красимир Каракачанов во Македонија во последните неколку години прави своја пропаганда ... Бугарските пасоши се еден дел од неа ... споменикот на Мара Бунева и познатите случувања се истотака од тоа миље ... Спомениците на паднатите бугарски војници во Стумица се истотака актуелни ... Споменици на паднати БГ војници во Битола се присутни во последните неколку години ...

Тодор Александров се велича повторно во Македонија ... без разлика што во нашите досегашни историски читанки - тој нема баш некое високо место ... Вчера во дворот на една приватна куќа во Велес - се подигна биста на Тодор Александров ... секако и ова не можеше да помине без Каракачанов ... Локалните власти на Велес дигаат рамења и велат во сабота и недела не можеме да рушиме ... споменикот е дивоградба - има решение за уривање ... но настанот и величањето на Александров се случи ... добро не со званиците кои беа најавувани Фуере и амбасадорот на Бугарија ... но доволно беше и Каракачанов ...

Иконографијата со интонирање на Бугарска химна и БГ знамиња се оствари и овој пат ... се разбира се говореше на чист Бугарски ... “Еден народ - две држави“ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter