Александар Маленко е навистина личност која често знае да ја импресионира МК јавност ... Како млад не воодушевуваше со своето пливање ... беше МК рекордер и надеж во светското пливање ...
Како малку повозрасен рано се ожени ... тоа еве го прави неколку пати ... тоа си е негов личен живот и немам намера да му се мешам ... Предпоследен пат го привлече вниманието на МК јавност кога сам протестираше до оградата на МК влада - дека МК влада не се грижи за оние кои го славеле името на Македонија ... преку добрите резултати во спортот ...
Потоа го снема ... се слушна дека е некаде во Русија ... за да од пред некое време се врати во МК со својата сегашна сопруга ... попозната како поранешна жена на славниот и пребогатиот Роман Абрамович ... Маленко се скара со МК новинари дека не го оставаат на мира ... но дека тој е голем Македонец ... ке го докаже тоа ... ке донесе многу пари и странски инвестиции во МК ...
Најново е дека Маленко повторно сака да влезе во политиката во МК ... но овојпат на голема врата - сака да ни биде Претседател ... предходното искуство во политичкиот живот му беше - кога беше Директор на Агенцијата за спорт и млади во МК ... најавува дека ако стане Претседател на МК, во МК ке влезат неколку милијарди долари од Руско потекло ... За председателската кампања веќе имал обезбедено неколку милиони долари ...
Незнам дали Маленко ке го биде за Претседател на МК ... а зошто да не ... но се гледа дека со жените одлично знае ... го бива ... Сите досегашни жени на Маленко беа ем убави, ем паметни - а последната е богами и многу богата ...
No comments:
Post a Comment