Владата нема време да падне
Владата на премиерот Никола Груевски, која ја изгуби поддршката во Парламентот поради излегувањето на ДПА, не може да падне бидејќи нема време да се избере нова влада пред самитот на НАТО во Букурешт каде што очекуваме покана за членство.
Владата може да падне во два случаи:
- премиерот сам да даде оставка или опозицијата да го постави прашањето за доверба на Владата.
И во двата случаи потребни се најмалку 40 дена да се формира нова влада, со што се пречекорува временскиот теснец од 20 дена до НАТО самитот.
Ако Груевски сам даде оставка, до изборот на новата влада се потребни најмалку 50 дена.
- Откако премиерот ќе го извести Собранието дека Владата поднела оставка, спикерот треба да свика нова седница.
- Од денот на оставката на премиерот до одржувањето на собраниската седница треба да поминат најмалку 15 едена. На таа седница без расправа се констатира оставката на Владата.
- Постапката за одредување мандатар, составување кабинет и избор на Влада трае 35 дена: 20 дена за мандатарот да состави влада и плус 15 дена за одржување на седница на Парламентот, на која се гласа новиот кабинет.
И втората опција за рушење на Владата на Груевски не дава можност да се формира нов владин кабинет пред втори април.
- Шест дена се потребни да се дојде до седница на Собрание, откако најмалку 20 пратеници ќе го постават прашањето за доверба на Владата.
- За добивање нова влада, се повторува постапката за доделување мандат, односно 20 дена за мандатарот да состави влада и 15 за свикување на собраниската седница .
*** Како и да е оваа Влада ке мора да работи најмалку уште два месеца ... со што технички нема време за нова Влада до НАТО самитот ...
No comments:
Post a Comment