Поглаварот на Македонската православна црква, неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на 8.2.2008 година ја посети Општина Аеродром.
- Во разговорите со градоначалникот Кирил Тодоровски, почесниот гостин беше запознаен со активностите на Општината на полето на урбанизмот, но и во однос на духовниот живот на нејзините граѓани. Архиепископот ги искажа своите пофалби и нескриено одушевување од урбанистичкото планирање, кое како што рече, нуди забрзан развој на општината.
- Поглаварот Стефан и градоначалникот Тодоровски, исто така, ги разгледаа и плановите за идните активности околу динамиката на доградбата на постојните и изградбата на пет нови православни храмови на територијата на Општина Аеродром, кои се во согласност со новите детални урбанистички планови.
- Скопската епархија на МПЦ, ја поздрави иницијативата за изградба на нови цркви и веќе предложи нивни имиња. Во писмото до Општина Аеродром Епархијата им одава признание за напорите во таа насока на Општината и нејзините граѓани. М.М
Аеродром е навистина релативно нова населба ... за верниците веројатно недостасуваат цркви ... има неколку параклиси меѓу зградите ... но дали на секој два километра е потребна црква ...
2 comments:
Toj gg.Stefan doagja ko da e nekoj drzavnik od Brisel ili Vashington, a ne kako da zhivee na 5-6 kilometri od opshtina Aerodrom.
Колку што знам, во однос на Црквите, во соседна Грција просек е на секои 5000 жители да има по еден правослоавен Храм. Значи, да пресметаме...
:-)
Post a Comment