Уште малку владата на Груевски ке истурка пола од мандатот ... Странските директни инвестиции и зголемувањето на вработувањата беа голема надеж на владата на Груевски ... Но некако не слушам добри вести од многу фалениот Ташковиќ ...
Од Македонија ке направам Сингапур во Европа ... беше едно од ветувањата на Ташковиќ ... Следејки ги написите од весниците Ташковиќ до сега посети многу светски земји кои се традиционални инвеститори во светот ... Јужна кореја ... во Лондон е чест посетител ... Јапонија ... Катар ... Италија ... Колку што знам сеуште се е во фаза на преговори и покрај најдобрите услови за инвестирање во Македонија ...
Процесот на носење на странски инвестиции е долгорочен процес и веројатно затоа се затворени со почеток на инвестициски циклус оние проекти за инвестирање кои беа почнати од предходната Влада ... за што се исфали Бучковски од говорницата на парламентот ... Веројатно дека многу од проектите на Ташковиќ ке имаат ефект ... но треба време ...
Друго ми е прашањето ... осем потребното време ... што е тоа другото што не ги привлекува странските инвеститори (т.е ги одбива ...) ... Веројатно тука спаѓаат
- Политичката криза во земјата која се темели на неразрешените загрозени права на Албанците во Македонја ... Тие успејаа да го убедат светот дека живеат како народ од втор ред ... дека им се загрозени човековите права и под плашт на сето тоа спроведуваат тивко и не така тивко етничко чистење во Западна Македонија ... па и во Скопје ... МК мора да најде начин како да ја протурка вистината за ова политичка ситуација ...
- Неразрешените прашања со сите соседи ... особено прашањето со Грција ... околу таканаречениот спор со нашето име ...
Горното само за себе е навистина доволно да ги одвраќа инвеститорите ... Што друго би било минус во нашата понуда ...
- Недостатокот на енергија ... исцрпување на нашите енергетски ресурси ...
- Недоволно добри патишта ... кон ниедена од соседните земји немаме автопат ... ајродромите не се функционални и не одговараат на стандардите на светските земји ... проблеми со интернетот во МК ... значи недоволно добра инфраструктура ...
- Проблеми со катастарот ... спорост, неевидентираност ...
- Нерешен проблем на уситнетоста на МК земјоделско земјиште ... кое наместо да се окрупнува сеуште се ситни ...
- Корупција ...
- Географска одалеченост од пристаништна лука ...
- Партизација на администрацијата ...
- Нерешеното прашање на евроатланските интеграции ... ЕУ и НАТО ..
Оставајки неразрешени вака важни прашања сами си ја сечеме гранката на која се надеваме ... а тоа се свежи гринфилд инвестиции ...
За крај Македонија мора да ја изгради националната стратегија по сите отворени политички и економски прашања ... и да решава едно по едно отворено прашање ... Само така ке има надеж за Македонија ...
No comments:
Post a Comment