Толку не затуцаа со затварањето во МК гето - што иако сакав, не успеав да прошетам по одредени ЕУ држави ... Норвешка, Шведска, Данска, Финска ... Денеска нешто ми светна во глава за Норвешка ... Последен пат сериозно читав за неа во времето на средна школа - тоа било пред 35 години ... многу де ... некојпат кога на ТВ ке имаше добра емисија за Норвешка - ке ја изгледав ... Сега е лесно интернет време е ... пишеш на пребарувач Норвешка и од линк до линк се ке научиш за релативно кратко време ...
Норвешка и Швајцарија се единствените држави кои територијално припаѓаат на Европа а не се членки на ЕУ ... На двапати Норвешка имаше неуспешен референдум за влегување во ЕУ во 1972 и 1994 ... фино им е иако не се членки на ЕУ ... тоа е веројатно бидејки се пребогата земја со енергенси нафта и природен гас ... а и со многу електрични централи во безбројните фјордови ...
Норвешка е со копнена теиторија 307.860 km² (скоро колку некогашна ЈУ ...) но со многу помалку жители 4.574.560 ... (петпати помалку од бивша ЈУ ...) ... нема неписмени ... нема невработени ... социјалната сигурност и просперитет е на светскиот врв ... има скоро 50.000 острови ... и многу многу фјордови (над иљада ...)...
Норвешка е Уставна Монархија ... со која моментално владее Харалд V ... Главен град е Осло ... со 548,617 жители (отприлика колку и нашето Скопје ...) ... Историјата на норвешка е врзана со Викинзите и нивните освојувања ... Скоро четири века Норвешка има заедничка држава со Данска (унија ... од 1397 до 1814 - одприлика во време кога ние сме под Османлиите ... ) ... потоа Шведска воено ја има окупирано Норвешка - но им било дозволено да имаат свој Устав и во тоа време во унија со Шведска ... 1905 Норвешка се осамостојува ( во време на нашиот прв илинден ...) ... се осамостојува со мирен референдум ... Норвешка се прогласува за неутрална и во првиата и во втората светска војна ... но во втората е окупирана од Германија ... Од 49 година сепак станува членка на НАТО ...
Најголем пресврт за економскиот подем на Норвешка е пронаоѓањето на нафта и природен гас во шеесетите години од минатиот век ... се проценува дека нафта имаат за уште седумдесетина години а природен гас за повеќе од стотина години ... Во последно време со северното море се пронаоѓаат и многу нови извори на нафта и гас ... Нафтените платформи се честа слика во Северното море покрај Норвешката обала ...
Норвешка е земја на Лапнците ... (Saami) ... кои се нели изворниот народ на приказната за Дедо мраз ... Лапонци живеат и во Шведска, Финска и Русија ...
Норвешка е нордијска држава ... во која во ова време царува мирот и благосостојбата ... единствен недостаток како да е сонцето ...
No comments:
Post a Comment