Како и што предвидов во првиот пост - Како Владата ке ќари 35 милиони евра од народот во Март ова година ... пишан на 24 Јануари, 2008 - 17:34 ... и вториот пост - Данок на вкупен приход ... еве полека доаѓа период кога мејнстрим медиумите ке го преземат во обработка овој преседан ... каде Владата ненајавено и противуставно сака да брцне во џебот на малото стопанство ... иако од друга страна на сите усти вели дека спасот треба да се бара токму во малото стопанство ... Вакви слични брцања во џебот на малото стопанство имало и досега ... имено ке донесат некој пропис каде сите линеарно треба да платат одрадена давачка од околу 2000 денари и потоа им успевало д ги соберат (фирмарините ... разните услуги на Централен Регистар ... 100.000 фирми пута 30 евра ... се 3 милиони евра ...) Слично како и со новите таблици каде од сите сопственици на коли а ги има многу - ке се брцне во џебот на граѓаните по триесетина евра пута 300 иљади возила ... десетина милиони евра нови пари во буџетот ... ни лук јал - ни лук мирисал ...
Имено во третиот пост на истата тема - Данок на вкупен приход (трет дел) ... нагласив дека почна раздвижување во дел од телевизиите и весниците но прескромно ... никаде не се спомна дека ова е нов вид на даночно оптеретување и дека има противуставен карактер ... Осем изјавата на представничката на Стопанската комора - Славица Богоева ...
Денеска на ПП добив известување дека во Капитал - најновиот број 433 веста е ставена на насловна страна ТЕМА- НОВ ДАНОК ОД 1,5% ЗА МАЛИТЕ ФИРМИ ... Нов данок од 1,5% за малите бизниси повеќе... .
Се разбира појдов и го купив овој број на Капитал 100 денари ... На 42, 43 и 44 страница е сместен написот на новинарката Биљана Здравковска со наслов:
- БЕЗ НИКАКВА НАЈАВА ВОВЕДЕНА НОВА ДАВАЧКА
- Нов данок од 1,5% за малите фирми ...
КАПИТАЛ број 433 - 14.Февроари, 2008 ... Биљана Здравковска
Ке цитирам и парафразирам делови од написот:
** Министерството за финасии демек нема сознание дека некој се буни за овој закон и тврдат дека тој само ја упростува процедурата ... а носењето на овој закон е заради сознанието ... знаат дека малите фирми перманентно ги “штимаат билансите“ и се околу нулата во однос на добивката ... па бидејки го знаат ова за да го наплатат данокот што микро бизнисот “го крие“ од даночниците се одлучиле на ваков начин да го наплатат ... (имало и препорака од ММФ ...)
** Новинарката појаснува дека станува збор за сосема нов данок кој досега го немаше во даночната номенклатура како поим Данок на вкупен приход ... кој не води сметка за трошоците т.е. дали некој е во добивка или загуба ... даночниците сепак остануваат на тврдењето дека ова е само упростување на процедурата ...
** Новинарката консултирајки ги даночните експерти доаѓа до други сознанија ... кои велат дека е крајно несериозно и на штета на даночните обврзници, државата на крајот на годината и без никакви најави, да носи измени со кои се наложува нова задолжителна давачка.
** Новинарката доаѓа до слично сознание како што беше и мојата проценка дека државата сака да втера нов данок од цирка 20 милиони евра ... добро моите предвидувања одеа кон цифрата од 35 милиони евра .... но што знае дете што се десет милиони евра ... :) ... се проценува дека овој закон ке зафати цирка 25.000 микро фирми ... мојата проценка незнаејки ги точните бројки се однесуваше дека ке се однесува на ститина иљади микро фирми ...
** Идејата за законот доаѓа од ММФ ... настаната во времето кога е разгледувана реализацијата од некој Стенд бај Аранжман ... демек и тука да се воведе равен данок ... и да се укине изборот паушал и данок од добивка (досегашното решение ...) ... се предпоставува дека малите фирми ги “фингираат финасиските резултати“ и немаат добивка ... и поради стварната неможност за контрола се воведува ваков нов данок ... кој демек е реален ... демек слични одредби имало во законодавството на Русија, Украина, Фрабција, Шпанија ...
** Неколку изјави од стручни леца се цитираат за штетноста од овој закон и се потенцира противуставноста бидејки се однесува за период кој е поминат ... ретроактивност ... едена од моите примедби зошто овој закон е противуставен ...
- дел од анкетираните стручни лица се чудат како може државата да не ја интересираат трошоците а работењето ... туку данокот го врзува за категоријата вкупен приход ... “Само во Македонија и можеби во Зимбабве, може да се случи да се донесе закон кој ке важи ретроактивно“ ...
** и Капитал има сознание дека некој веќе го има дадено законот на уставен суд ...
** Се очекува најпогодени да бидат малите фирми кои се занимаваат со трговија ...
** УЈП правел предпоставка дека секој кој работи работи со минимална просечна заработувачка од 12.5 проценти и дека овој процент од 1.5 проценти е реален ...
** Вакви фирми се некаде 40 проценти од вкупните фирми ...
*** мислам дека бројката е многу многу поболема ...
No comments:
Post a Comment