Завчера беа организирани протеси од невладината „Младите знаат“ ... поводот беше барањето да го промениме името ... Требаше да се организираат мирни протести на плоштадот Македонија ... но за жал протестите ескалирале во два смера ... едниот смер е каменувањето на Грчката канцеларија за врски ... оштетени биле и неколку автомобили ... и другиот смер е извикување на погрдни пароли на сметка на Албанците ...
Еве како известуваа новинарите и дел од блоговите:
- Видовме колку знаат младите ...
- „Младите знаат“ да оплескаат ...
- Протестите излегоа од контрола, каменувана грчката амбасада ...
- Најдобра одбрана на името е напад на амбасадата ...
- Обезбедувањето на СДСМ каменуваше ...
- Прекршочна пријава против организаторот на протестот ...
- Осуда за вандализмот на протестите во Скопје ...
- Грчките медиуми за вчерашниот протест ...
- Лоши млади лоши! ...
- Партиите го осудија каменувањето на грчката амбасада ...
- „Мирен“ протест веќе не ја гледа Феми!
** Едно име, едно име, Македонија, fuck greece, Бакојани Курва...
- Младите дефинитивно ништо не знаат ...
- Пред Грчка Амбасада ...
- ПРОТЕСТ - ФИЈАСКО ...
Сите и партиите и новинарите ги критикуваат младите ... Но дали се младите криви ??! ... Како се организираат големи протести ... треба да учиме од соседството ... еве денеска протест има во Стбија ... сетите на протестите во Солун ...
Сакам да кажам дека партиите испраа раце од “Младите“ ... но дали се тие вистинските кривци ... може ли под млади да се сврстат четириесет годишњаци - кои даваат “упатства“ ...
Искрајно не бев на протестот ... едноставно за мене тој беше предвреме организиран ... аматерски ... башка што сеуште не знаеме кои се‘ опциите на маса ...
Се сеќавам на еден протест каде бев - кој истотака го организираа едни други млади ... Протестот за укунување на визите - “Виза ај батали“ ... тогаш младите ни тревка не згазија ... а по завршување на протестот собраа - евентуално расфрлениот пропаганден материјал и по упатеното протесно писмо до Фуере ... кој не ги удостои тогаш младите ... не ги прими ... Протестот почна пред Ввладата ... младите се обратија и на Владата ... и таа не ги удостои - да ги прими .... Немаше голема бројка на протестанти ... но пораката беше испратена и еве по година ипол има видливи резултати ... тогаш дел од младите на ВМРО-ДПМНЕ (оние што сега се во парламент ...) сакаа да профитираат ... но се заврши само на нивни изјави за медиумите ... во протестот не учествуваа ...
Како тоа тие млади тогаш знаеа - а овие “млади“ - незнаат ... ??!
- ПОСТЕРИ - ВИЗА, АЈ БАТАЛИ! - VISA, FORGET ABOUT IT!
- ВИЗА - ај батали! - Не играј пред амбасада, играј на подиум
- НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО !! - Виза, ај батали!
- ВИЗА ПРОТЕСТИ - посета на организаторите
- Силата е во младите ...
Постот настана по револтот на мојот пријател Бидиков - кој на својот блог пиша пост: Што е новинарство? кивен на дел од новинарите кои не ја виделе целата вистина ...
No comments:
Post a Comment