Што повеќе сакате: здравј, пари, среќа, љубов ... вечни теми ... Навистина што ке ти се пари ако здравјето не ти е во ред ?! ...
На темава има напис во денешен Дневник - Милионер го менува богатството за здравје ...
Британецот Стивен Смит, кој неодамна на лото доби 19 милиони фунти, завчера ги понудил сите пари во замена за здравје и заеднички живот со сопругата во двособниот општински стан, јавува британскиот весник „Гардијан“. Смит (58) е поранешен чувар во болница и страда од тежок облик на артритис и болест на крвните садови, па поради сериозноста на ситуацијата би можел да почине во кој било миг, а шансите да се излекува се речиси никакви.
Пу, пу ... благодарам на богатството, ако го немам оноа што луѓето најмалку го ценат - додека во сплет на околности и случајности го изгуват ... здравјето физичко и психичко ... Бабами стално велеше: “здравје и памет да те служи, друго ништо не ти треба - друго све ке заработиш ...“ (пак кумановски ...нормално кога бабами беше кумановка)
No comments:
Post a Comment