Search This Blog

Tuesday, February 05, 2008

Данок на вкупен приход

Како континуитет на мојот пост - Како Владата ке ќари 35 милиони евра од народот во Март ова година ... еве пишувам нов пост ...

Како беше онаа прочуената реченица “... данок мора да платиш или да умреш ...“ ...

** Даноците се јавен приход кој кој произлегува од обврската што ја наложува државата на граѓаните и на претпријатијата задолжително да издвојуваат дел од својот приход или имот за задоволување на државните потреби.

Данокот на вкупен приход е нов вид на данок кој Македонија го донесе на 29/12/2008 година - објавен во сл.весник на РМ бр.160 -31/12/2007

Данокот е изворен приход на секоја држава од која го финасира своите приходи во буџетот.

Поделба на даноците

1. Даноци на доход
- Данок на добивка на правните лица
- Данок од доход на граѓани

2. Даноци на потрошувачка
- Данок на додадена вредност
- Акцизи и царини

3. Даноци на имот
- Данок на имот,
- Наследство
- Јавни заеми
.

Како што гледате се до 31.12.2007 година не се спомнува никаде Данок на вкупен приход - значи од 31.12.2007 имаме нов вид на данок “Данок на вкупен приход“ - кој го плаќаат исклучиво таканаречените микро правни субјекти кои во последните три години од било кој извор имаат Вкупен Приход кој не надминува износ од 3.000.000 денари на годишно ниво (чл.12 точка 2 од Законот за изменување и дополнување на законот за данок на добивка ...)

Износот кој овие правни субјекти треба да го платат се регулира со член 13 став 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на законот за данок на добивка)
- Годишниот данок на вкупен приход се пресметува врз основа на остварениот вкупен приход по сите основи во предходната календарска година.
- Данокот на вкупниот приход се пресметува во висина од остварениот вкупен приход искажан во Билансот на успех во Годишната сметка за предходната календарска година
.

Доѓаме до ситуација во која законодавецот не го интересираат трошковите на микро фирмата дали има добивка или загуба туку сака да оствари приход од данок на вкупен приход т.е. 1.5 проценти од утврдениот износ на Вкупниот приход ... и тоа почнува да се применува од оваа година - но важи и за Годишната пресметка за оваа фодина (која нели треба да ја поднесеме најкасно до крајот на овој месец ...) ... што значи важи и за минатата година ... ретрактивно ...

Овој закон е противуставен и треба да падне на уставен суд поради два основа ...
1. поради ретроактивноста на времето за кое се однесува овој закон (имено тој се однесува за минатогодишното работење на микрофирмите ... кои не знаеле за овој трошок за да го уградат во цената ...) еве пример ... сакам да работам со мала заработувачка (трговска маржа ...) од еден ипол процент и така сум ја терал годината ... Но бидејки овој закон ме фаќа и мене како микро фирма - јас целата маржа треба да и ја дадам на државата - која не ја интересира дали имам добивка или загуба ... нон сенс ...
2. и неуставна е поради ставањето на нерамноправноста на сите правни субјекти ... имено ако сум поголема фирма и имам приход над 3.000.000 денари на годишно ниво - а истовремено покажувам загуба - јас нема да платам никаков данок - секако ни данок на добивка ... а овој данок на вкупен приход не важи за мене ... и види чудо големите фирми се привилегирани со овој закон ...

Како било пред донесувањето на овој Законот за изменување и дополнување на законот за данок на добивка

Законот за данок на добивка (пречистен текст)
- Данок на добивка плаќаат само оние субјекти кои остваруваат добивка (позитивна разлика меѓу вкупните приходи и расходи во одреден пресметковен период ...).
- Во целиот текст на овој закон никаде не се спомнува данок на вкупен приход ...
- Данокот на добивка по овој закон е 15 проценти и се плаќа аконтативно ...

Поголема измена на Законот за данок на добивка ... е направена со носењет на
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА
Сл.Весник на Р.Македонија бр.139 од 30.12.2006 година
...

Тука првпат се спомнува таканаречениот "VII-а Паушал за микропретпријатија

Член 38-б
Општа одредба
Микропретпријатието, како што е дефинирано во членот 38-в од овој закон, може да избере да плаќа годишен паушал за микропретпријатија во согласност со одредбите од оваа глава, наместо да плаќа данок на добивка.

Член 38-в дава Дефиниција на микропретпријатие
Член 38-г објаснува како ке се пресметува годишен паушал за микропретпријатија
Член 38-д објаснува како ке се врши Избор и уплата на паушал за микропретпријатија
Член 38-ѓ се однесува за Третман на микропретпријатие и поврзани лица
Член 38-е е појаснува за Водење на сметководствена евиденција и употреба на фискална апаратура

Не знам од каква причина законодавецот во најновите измени со Законот за изменување и дополнување на законот за данок на добивка ... сл.весник на РМ бр.160 -31/12/2007 ... ги укинува членовите 38-б, 38-в, 38-г, 38-д, 38-ѓ и 38-е ... со што е укината и можноста да бираш - сакаш да плаќаш утврден паушал од 300 евра или да плаќаш данок на добивка ... а со најновите измени нели сето ова е сменето со воведување за микрофирмите на Данок на Вкупен Приход ...

*** Па така со овој закон т.е. членот 10 Главата "VII-а Паушал за микропретпријатија“ се преиначува во "VII-а Поедноставен даночен режим за трговски друштва“.

*** Со наредниот член 11 од овој закон го укинува постојниот член 38-б кој се однесуваше за микропретпријатијата сега се воведува новид вид на данок ... и новиот 38-б гласи
“Трговските друштва ид членот 38-в на овој закон плаќаат годишен данок на вкупен приход во согласност со одредбите на оваа глава наместо да плаќаат данок на добивка.“
...

*** Со последнитѕе измени од овој закон се укинати членовите 38-б, 38-в, 38-г, 38-д, 38-ѓ и 38-е ... со што е укината и можноста да бираш - сакаш да плаќаш утврден паушал од 300 евра или да плаќаш данок на добивка ... а со најновите измени нели сето ова е сменето со воведување за микрофирмите на Данок на Вкупен Приход ...

*** Се надевам дека на сите со овој пресек на промени на законот објаснив во што е проблемот ...

Секако прочитајте го и мојот предходен напис Како Владата ке ќари 35 милиони евра од народот во Март ова година сосе коментарите - па потоа повелете за дискусија и тука ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter