Знам дека заради овој напис ке ми се наљутат браќата егејци ... 18 години од осамостојувањето - Република Македонија гордо ја бие битката за своето уставно име ... истовремено трпејки последици и понижувања од Грција на сите меѓународни средби и собири ... дури и во обединетите нации ... Грците го издигнаа проблемот на национален приоритет - и се борат со сите сили да ни оневозможат да се нарекуваме Македонија и Македонци ...
Македонија иако мала и мирољубива земја неможе ни педа да се помрдне во ЕУ интеграциските процеси иако ги исполнува сите барања на ЕУ, кои може да ги исполни ... Сите ја паметиме Грција и Солун во времето од пред 30 години да речеме ... Солун беше паланка ... селата во Егејска Македонија беа заостанати ... Благодарение на влегувањето на Грција во ЕУ и користење на солидарнитре фондови - Солун и Егејска Македонија не само што не престигнаа во развојот и стандардот ... туку сега се за неколку должини пред нас ...
Нашите браќа кои останаа во Егејска Македонија - разрушена по граѓанската војна во северна Грција (Егејска Македонија де ...) како полека да се откажуваат од националните атрибути на Македонецот (Грците си велат ако успеавме со нив зошто не би успеале и со овие ...) ... многу малку говорат Македонски ... и оние кои знаат се плашат да го говорат ... Ги користат современите економски токови и живеат пристојно ... Сакам да кажам осем Виножито и Царкњас ... други национални таласања во врска со македонскиот идентитет како да нема ... Грција како да успеа во текот на овие 50 години да ги асимилира ... особено младите ... тие сега навиваат во спортот за Грција ... служат војска во Грчката армија ... онаа истата која национално не понижува во своите песни ...
Последицата на непромислеата големонационална стратегија на војводата од ДПМНЕ (ЉуБчо ...) дека наредниот конгрес по оној оснивачкиот ке го одржат во Солун ... исцртаните карти на Голема Македонија ... ги чуствуваме долго ... а господинот на база на такви големи идеали - влезе во сите власти во МК ... добро профитираше и сега ни се смешка завален од некоја фотеља во Софија - сеуште земајки плата на грб на Македонецот ...
Република Македонија го бара својот пат на меѓународно етаблирање ... патот во кој мора да го сочува својот идентитет ... за името несакам ни да зборувам ...
1 comment:
Batka ne vidov vo celiot tvoj tekst vo sto e zaloznik makedonija,koja ti fintata,nekako nejasen ti e tekstot i za na kraj pa kade sakas da sluzat makedoncite od grcija, vo turska armija?Tekstot ti e mnogu glup,mu doaga kako -sakam kazam neznam recam,da si ziv i zdrav batka.
Post a Comment