На крајот на минатата година во Македоија имавме 357.000 регистрирани невработени ... Оној кој ке го реши прашањето на невработеноста ке биде МК херој ... Очито е дека во МК тешко се отвараат нови работни места и покрај сите заложби и на оваа Влада ... желбата да привлече неопходните странски инвеститори е голема - но резултатите се мали ... Од осамостојувањето навака имаме стален процес на трнсформација на капиалот и затварање на големите фабрички системи а и поголемите претпријатија воопшто во областа на Градежништво, Текстилна индустрија, Земјоделие ... Хемиската индустрија ... И оние што одат на работа често се без плати или без пензиско и здравствено осигурување ... А и платите што ги добиваат не се доволни за преживување ...
Младите кои се со соодветно образование - особено од компјутерската струка лесно наоѓаат добро платена работа во ЕУ државите и САД ... Канада прима мигранти во подрачјата кои се на север од нивната територија (богати со ресурси ...) ... Австралија е заинтересирана за земјоделци ... САД и ЕУ државите бараат специфични струки ...
Нашите невработени често излезот го гледаат во временото вработување ... во работата по нафтени платформи и бродови ...
Граежните работници се традиционално барани за работа во ЕУ државите ... Германија, Италија, Чешка, Словенија, Русија ... Хрватска, Грција и во последно време и Црна гора бара работници за Хотелиерството ... собарки, кувари, келнери, но и тука се барани градежни сезонски работници ... Плаќањето е далеку помало од очекуваното ... но бидејки е обезбеден смештај и исхрана - нашите луѓе се во ситуација на “дај шта даш“ и прифаќаат и вакви вработувања ... Во Англија традиционално се бараат беби ситерки и медицински сестри ... медицински сестри се бараат и во Германија ...
No comments:
Post a Comment