Search This Blog

Thursday, February 14, 2008

Струјен удар ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/4F7D2F742963594D9C2A996F345EF4EB.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Можно ли е околу Косовските настани да доживееме “струен удар“ и да паднеме во мрак ... Имено се слушнаа гласини - кои не се потврдени дека е можно Србија да направи исклучување на далноводот кој оди преку Косово а го снабдева со струја Косово и Македонија - делумно и Грција ... главниот далновод е Ниш, Косово Поле до Скопје ... 400-киловолтен далновод ... Македонија има далноводи и према Бугарија и Грција но со многу помала снага ... и евентуалното прекинување на дотекот на увозната струја од Србија би представувало голем струен удар за Македонија ...

Покрај таа можност, прекинот на испораката од Србија би имало последици и за големите потрошувачи кои од почетокот на годинава се препуштени да купуваат струја од увоз. Во случај на прекин на испорака од Србија, би им се стопирале околу 130 гигават-часа струја месечно, додека МЕПСО, кој е одговорен за внесување на струјата во земјава, би бил покус за околу 50 гигават-часа месечно.

Како и да е мора многу претпазливо да играме со Србија околу Косово ... И патот до ЕУ (оној копнениот) води преку Србија ... Струја од Грција нема шанса да добиваме, бидејки тие добиваат струја од Србија преку истиов далновод ... а далноводот кој води према Бугарија е со мал капацитет ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter