Реков дека секоја недела ке го освежувам овој пост - кој како ке се блжи крајот на месецов (кога нели се предаваат завршните сметки ...) ке се актуелизира и ке се пренесе во мејнстирм медиумите ...
- Како Владата ке ќари 35 милиони евра од народот во Март ова година ... е првиот пост за темата ...
- Данок на вкупен приход ... е вториот пост за истата тема ...
Јавноста како полека да се освестува за проблематиката ... Гледав на денешни вести на Сител како моите тези за неуставност ги застапува и Стопанската комора - Славица Богоева ... а секако едно наконтено конте од УЈП го бранеше законот ... и рече дека оние кои немаат добивка треба да згаснат ... во тој стил нешто ... канцелариски пацов ...
Од трета страна законодавецот како да се премислува за овој закон- бидејки Министерот за финасии ... сеуште ја нема подготвено формата и содржината на образецот РДО-ВП (Чен 14 последниот пасус ...) - ниту има пропишано правилник како ке се врши пресметката ... а до крајниот рок за поднесување на завршните сметки има само уште петнаесетина дена ...
Неофицијално се дознава дека е веќе поведена постапка пред Уставниот суд за неуставноста на овој закон ... и се чека секој ден истиот да биде поништен ... Коси кубат сметководителите - кои незнаат како да ги спремаат завршните сметки ... Последните неколку дена ке им бидат попеколни од порано ...
За да сватите за што се работи исчитајте ги првиот и вториот пост ... има линкови до сите прописи кои се тангирани ...
No comments:
Post a Comment