Зошто Груевски сака референдум за името а опозицијата е против ... сосе партите на албанскиот блог ...
Власта која е во овој момент носи голема одговорност пред себе за било каков потег ... Ако го смени името ке биде окарактеризирана како предавник на народот и на избори ке изгуби катастрофално ... би ги спасило само осетно подобрувањето на стандардот и зголемувањето на вработувањето ... Ако пак не прифати ке ја обвинат дека не знаела да ја искористи шансата (историската шанса ...) да се реши проблемот на изилација на Македонија со влегувањето во НАТО и ЕУ ...
Опозицијата пак несака да има референдум за името ... за да може одлуката на власта да ја напаѓа на избори ... или како предавници ... или како неискористена шанса ... А албанците се посебна приказна .. тие не сакаат да се решава статусот на Македонија ... сакаат да ловат во матно и еден ден да си прогласат своја “Илирида“ пандан на Косово ... и т.н.
Мислам дека Грција нема да прифати ниеден од предлозите - кои се колку толку прифатливи за Македонија (не менување на уставното име ... туку менувањето на ФИРОМ ...)... а власта во никој случај нема да се согласи за име кое би го загрозувало националниот идетитет ... барем оваа Влада нема да попушти ... СДСМ попушти на времето на настанувањето на ФИРОМ ... тогаш имаа скоро две третинска подршка ...
Ако требало да се попушта за името требаше тоа во старт да се направи ... Политичариите треба да знаат и да умеат ... да антиципираат ... а не сега да мудруваат од сенка на опозицијата ...
Како и да е не бисакал да сум му во кожата на Груевски ... мислам дека по ова че изгуби дел од својот рејтинг - било како да се развие ситуацијата ...
1 comment:
http://jovansblog.dobroutro.com/human-rights/%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%9C%D0%B0-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0/
Post a Comment