Search This Blog

Saturday, February 16, 2008

Сојуз на балкански држави ... Георги Димитров - Ѓорѓи Димитров - Гео̀рги Димитро̀в Миха̀йлов - Georgi Dimitrov

Сликата “http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/4/4d/Georgi_Dimitrov.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Georgi Dimitrov Mikhaylov (Bulgarian: Георги Димитров Михайлов), also known as Georgi Mikhaylovich Dimitrov (Russian: Георгий Михайлович Димитров), (June 18, 1882 - July 2, 1949) was a Bulgarian Communist leader.

Во постот за Мара Бунева во последните неколку кометари почнаа да дуваат нови ветрови ... вистински ветрови на соседи кои треба да бидата пријателски - бидејки соседите тоа и се (да ти се најде кога ти е најтешко ...) особено ако говорите со сличен јазик и славите исти слави ...

На констатацијата на М. Кецман:

Људи који су направили овај видео су истог профила као и господин Булгарин. Због таквих Балкан и јесте овако сјебан... Бугарска на три мора, Србија на два мора, Велика Албанија, Хрватска до Дрине... Како свима удовољити? Немате ли паметнија посла? Проћи ће вам живот узалуд. ... за што имав пост - Големи национални држави на балканите ...

Каде самиот сублимирав дека - Од Балканските војни навака, балканските држави се во перманентна војна меѓу себе која никако да заврши (војна за големи држави на ..)... буре барут ... Војната највеќе се води преку медиумско индоктринирање - дека е направена историска неправда према било кој народ или држава ...

На истиот пост за Мара Бунева Господинот BULGARIN даде можеби за повеќето изненадувачки коментар:

СЪРБИНА Е ПРАВ!!!!!!!!!!!!
СО ВАКВИ НАМЕРИ ЗА ВЕЛИКА СЪРБИЯ,ВЕЛИКА БЪЛГАРИЯ,ВЕЛИКА АЛБАНИЯ И ПРОЧИЕЕ СЕ НАСАЖДА ОМРАЗА М/У СИТЕ БАЛКАНСКИ НАРОДИ!!!!!!!!!

ИНТЕРЕСНО :
ГОВОРИМ ПОЧТИ ЕДИН И СЪЩ ЕЗИК!!!!
ИМАМЕ ЕДНАКВИ НРАВИ И ОБИЧАИ!!!!!!
ДЪРЖИМ СЕ КАТО БАЛКАНЦИ!!!!!!!

ИМАМ ПРАШАНЕ????????
ЗАЩО НЕ ВИДИМЕ ТОА ДЕКА НИ ОБЕДИНЯВА ,А ДА СПРЕМ ДА ГЛЕДАМЕ ТОА ДЕКА НИ РАЗЕДИНЯВА!!!!!!

АЗ ЛИЧНО СЪМ ЗА БАЛКАНСКА ФЕДЕРАЦИЯ НА СИТЕ ХРИСИТИАНСКИ НАРОДИ!!!!!.

Од сето ова сакајки да резимирам реков: -

BULGARIN ... е зошто де ...

Некој ке треба да изгуби дел од “феудалниот посед“ кој си го замислува како свој ... инаку народите колку и да се обидуваат некои “таканаречени лидери“ да ги караат со соседите - се помудри од нивните водичи ... по правило гостопримливоста меѓу соседните народи потекнува од обичниот човек кој не гледа зошто би бил непријател со соседот ... особено ако ги слават истите слави ... говорат со сличен јазик ... колку само мешани бракови имаме до сега ... љубовта е таа која не познава граници ...

Историјата треба да се сфати само како историја ... како приказна ... ако од неа се извлекуват во 21 век теории - дека таму некогаш владееле некои “наши кралеви“ па сега тоа е наше ... сосема погрешно ...

Во денешницата ако си моќен финасиски можеш да купуваш земја (онаа која мислиш дека е твоја ...) парче по парче ... куќа по куќа и за 50 години ако си упорен - пак ке завладееш со нешто кое го мислиш дека е твое ... така прават Албанците веќе скоро 80 години и им успева ...

ОНОЈ КОЈ Е СОПСТВЕНИК НА ЗЕМЈАТА Е СОПСТВЕНИК И НА НЕБОТО НАД НЕА ... ОТУКА СОПСТВЕНИК Е И НА ДРЖАВАТА ...

Денеска кај сите овие народи со многу историја - дојдоа во ситуација да им е празен стомакот ... Пресметајте само колку Бугари за последните три години трајно се иселија од Бугарија по белиот ЕУ свет ... не затоа што не ја сакаат Бугарија - туку затоа што им е празен стомакот ... тоа исто со децении наназад им се случува и на Македонците и на Србите ... проблемот е ист и заеднички за сите ... Во новото време не е возмжно да живееш во изолирана држава ...

СВЕТОТ СТАНА ГЛОБАЛНО СЕЛО ...

Идеите за сојуз на Балканските држави отидо во историјата со пропаѓањето на идејата на Георги Димитров по 1945 - кој сакаше да направи силнен Сојуз на Балканските држави ... Димитров заврши како што заврши (во Москва ...) и со него пропадна и последната историска шанса за таква држава ... Сега пред нас е нов предизвик кој секојдневно се остварува ... сојуз на ЕУ држави ... Бугарија успеа да вчекори во него ... ке почека историјата уште десетина години да влезат во сојузот Македонија и Србија ... верувам дека тогаш душата на Димитров ке се смири и ке се оствари неговиот сон да ги види соседните народи под ист покрив ...

Дотогаш комшиските народи ке си живеат комшиски со денешните проблеми и не е потребно ставање на сол на историските рани ... бидејки тоа боли ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter