Во време кога Македонија е на историски крстопат добро е да се запрашаме самите себе: Кои се нашите пријатели ??
Да почнеме од соседите, сеедно по кој редослед:
- Грција ... од Ацета навака грците не не сакаат ... не сметаат за варвари ... ни блокираат граници ... ни блокираат пристап до меѓународни организации ... до НАТО ... до ЕУ ... го тероризираат и не го признаваат МК малцинство ...
- Бугарија ... не ни го признаваат јазикот и националниот идентитет ... ни оспоруваат историски личности ... ни ја оспоруваат нацијата ... не признаа први како држава под мотото - “еден народ две држави ...“ ... исто како и Грција не го признаваат МК малцинство - вршат терор на оние кои се изјаснуваат како такви ...
- Србија ... не ја признаваат црквата ... и велат дека сме “Срби со говорна мана“ ...
- Косово ... да го земеме како “стварен сосед“ - но како “условна држава“ ... ни ја оспорува границата ... често од нејзината територија се уфрлаат криминогени добро наоружани групи ... кои по правење бељи низ МК се враќаат во Косово ...
- Албанија ... е држава која е творец на големонационалната идеја за “Голема Албанија“ ... која предвидува едне третина од МК да влезе во таа Голема Албанија ...
Да одиме кон глобалните сили:
- Турција ... е држава на која сеуште не можеме да и го заборавиме петвековното робство ... и зулумите ...
- Германија ... е нели окупатор ...
- Русија ... тоа е комуњарска држава ... која во многу пресудни за нас историски моменти нема застанато на наша страна ...
- Франција ... никојпат не застанала на наша страна во одредени спорови ... и моментално само фигурира како светска сила ...
- Англија ... исто ко и Франција ... тие две држави беа пресудни да се подели Македонија на три дела ... и сеуште не не гледаат како способни да бидеме држава ...
- Кина ... мислам дека за нив не сме интересни ... осем во случајот со Тајван ...
- САД ... е вистинска енигма ... се осеќаат дека дуваат поволни ветрови за нас од нивната страна ... но некако не се доволно јаки ... во одредени моменти како намерно да го успоруваат ветерот ... како да сакаат преку нас да остварат некоја своја ситна цел ...
Се покажа дека политиката на Глигоров на еквидистанца доживува пораз ... за 18 години не решивме ниеден спор со соседите ... ниту видно мрднавме во еквидистанцата ... Се покажува и дека ЕУ интегративните процеси не ни одат најдобро особено затоа што имаме толку многу конфликти меѓу соседите а имаме и безброј внатрешни конфликти ...
Е, излезот кај е ?? ...
Се виде дека нема излез преку позиционирање на МК во идејата за обединување на Македонија ... од таа идеја профитираа само малкумина ...
Излезот мора да се бара во решавањето на историските спорови со сите соседи - во духот на соработката и толеранцијата ... взаемното признавање на интересите ... и особено добрата економска соработка ... најпрвин мора да се решават гладните стомаци ... да се прават нови работни места ...
За светската политичка сцена да се одберат неколку држави ... во нашиот случај САД и нивните сателити и да се завршат интегративните процеси ...
Решавајки ги крупните внатрешни меѓунационални проблеми - си помагаме себе во севкупното глобализациско интегрирање ...
Нашата цел е да бидеме просперитетна држава на сите граѓани кои живеат во МК без разлика на верата и нацијата ...
No comments:
Post a Comment