Ново Лисиче и Аеродром е едно од омилените места на скопските “чергари“ ... кои преживуваат од собирање на стара хартија и од ПВЦ флаши ... а дечињата просат по блиските раскрсници ... коњите си пасат трева во зелените површини ...
Како се гледа во прашање се четири фамилии чергари ...
Една од импровизираните куќички одблизу ...
Има присаство и на механизација ... автомобил и мопед ...
во левото ќоше е една од балите со ПВЦ шишиња ...
и запрегата е тука ... мирно пасе ...
Оваа Чергарска населба - која во истовреме е и “бизнис центар“ за собирање на стара хартија и стари ПВЦ шишиња е близу до трафостаницата во Ново Лисиче ... веднаш до Вардар ... во една мала дупка за да не се гледа од патот ... Вакви чергарски населби никуваат секое лето ... на неколку месеци ги рушат ... но тие повторно се враќаат ... Има деца кои тука се родени а сега ствараат свои фамилии ...Собирајки старо железо ... оваа група на “бизнисмени“ ... собра се што можеше да одкорне од шахтите и сливниците за вода ... па мораше да се ставаат нови шахти овојпат бетонски ...
Летно време покрај блиските чешми и фонтани - имаме ситуација на туш кабини за истиве групи на чергари ... често знаат да просат од врата до врата ... а и најбројна група на коледари се ...
No comments:
Post a Comment