Од Балканските војни навака, балканските држави се во перманентна војна меѓу себе која никако да заврши (војна за големи држави на ..)... буре барут ... Војната највеќе се води преку медиумско индоктринирање - дека е направена историска неправда према било кој народ или држава ...
Како беше она на балканот сите години се историски ... Националните партии во сите балкански држави се доминантни сеуште ... во хрватска ХДЗ ... во Србија Радикалите ... во Словенија некако тоа е подсокриено но Јанез Јанша е творецот на новиот Словенски национализам уште од студентски денови ... Босна е тотално поделена по национална основа ...во Црна Гора незнам како му се вика партијата на Мило Ѓукановиќ која ја осамостои Црна Гора ... Во Македонија сите партии со предзнак ВМРО ... Во Бугарија националистите секјпат имаат подршка ... скоро во секоја влада тамошното ВМРО е во власта ... За Грција ич да не зборувам - погледнете со што се бави не признава дури ни постоење на национални малцинства на своја територија ... Бакојани дрско и без срам го изговори среде Вашингтон .... рече дека осем муслиманско население во Грција нема други националности и малцинства ... а за Албанија се ви е јасно од Призренската лига навака - го тераат многу успешно проектот Голема Албанија ... сега обилно помагани од САД и ЕУ ... Косово е приказна за себе ...
До кога демократиите во Балканските држави ке се занимаваат со историја и национализам ?? Наместо заедничката историја, обичаи и вера да ги зближуваат ... имаме ситуација каде сеуште кај сите гори желба за некаква Голема Србија, Голема Хрватска, Голема Словенија, Голема Бугарија, Голема Албанија, Голема Македонија, Голема Грција ...
За ова размислување форшпан ми даде извесен “М. Кецман“ - кој на мојот пост за Мара Бунева - рече:
Људи који су направили овај видео су истог профила као и господин Булгарин. Због таквих Балкан и јесте овако сјебан... Бугарска на три мора, Србија на два мора, Велика Албанија, Хрватска до Дрине... Како свима удовољити? Немате ли паметнија посла? Проћи ће вам живот узалуд.
Навистина до кога ... сите овие проекти за големи држави водат само до формирање на врхушки во сите држави кои неприкоснвено владеат во името на некакви големи ветувања ... по принцип на МАФИЈА – која си има своја држава. ... до кога ??
No comments:
Post a Comment