На блоговите 90 % од коментарите СЕ непотпишани. Што покажува дека ако на прачовек му дадеш компјутер тој НЕМА да стане дигитален граѓанин. Тој ќе остане прачовек со компјутер. И може цела македонска блогосфера да вреска дека тоа не е така. Овие факти не можат да се изменат.
Децентрализацијата на комуникациите нужно доведува до шум. И тој шум е 70-80 % присутен на македонската блогосфера.
Уф … сте направиле експлозија … Беличанец како да има слично мислење со почитуваната Г-ѓа Ванковска … која преку напис во Фокус рече …
Блогирањето не е залудно потрошено време
давајки го мислењето на база на нејзинота кратко читање на дел од блогерите …
На почитуваната Г-га Ванковска чинам дека веќе никојпат нема да и текне да се впушта во расправа со блогерите … добро ние тогаш бевме без хонорари а таа лапна хонорар од аписот во весникот … :)
Нешто слично сега скока и почитуваниот Беличанец кој незнам зошто се подпишува со “Советот за радио трансфузија“ … :)
Беличанец - мислењето ти е лично ? или е дел од некоја политика на СРД ?
Дали тоа СРД за реши да стави правила кој смее на интернет да пишува содржини и кави треба да бидат тие ?? Да се врами интернетот во некаква правна рамка ??
Почитувани новинари и останата МК интелектуала - која несака беспари да пишува текстови и да ги објавува на НЕТ … За да го подигнете нивото на блогот појвете се и самите на него … подигнете го нивото … кажете го мислењето на луѓето од средната генерација … издржете ги ударите на отворениот напад на широката публика … е некои се и анонимени …
Лесно е од бусија - одстрана да давата совети … влезете внатре во медиумот и дајте го таму мислењето …
Појавувањето на Најчевска како блогер го поздравив во правец дека се јавува таква личност која фали во МК блогосфера …
Затоа Беличанец и останатите кои се осеќате повикани повелете внатре во Блогосферата и учествувајте во подигањето на нејзиниот квалитет …
А тоа што има и луѓе кои не Ви се допаѓаат … просто е не ги приметувајте … тие сами ке се изгубат …
Ако до сега не ја свативте револуционерната улога на блогот како медиум во подем … тогаш ке мора да почекате уште некој година … истото да се случи и кај нас и да признаете дека сте згрешиле …
Блогот ке доживее вистинска револуција кога ИП (интернет пенетрацијата …) во МК ке се качи над вистински 30 проценти - бродбенд интернет … Тогаш сите ама баш сите што ке сакаат да му се обратат на народот, ке отвојат свој блог - свое “CV” … сеедно дали ке настапуваат како личност или како партија да речеме или некоја друга интересна заедница …
Можеби некој се лути што Блоговите ги сакаат пребарувачите … што да правиме така е … првин затоа што блогерите користат линкови и тагови … а пребарувачите тоа го обожаваат …
Забегав доста беше за сега …
Беличанец бидејки си осамен … повикај пријател за да станеш порамноправен … или ке мора на некои личности да им платиме хонорар за да учествуваат во дискусијава …
еве неколку мои написи на темата:
- БЛОГЕРИ НОВИНАРИ
- БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ …
- Блогот & МК новинарство …
Овој коментар ке оди и како пост и му се извинувам на сопственикот на блогот заради мојата должина на коментарот …
No comments:
Post a Comment