Во почетокот на Јули Археологот Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за археологија при Филозофскиот факултет и претседател на Македонскиот центар за археолошко истражување, заедно со уште некои негови колеги побараа неколку милиони евра (4.7 ...) за комплетна дигитализација на МК археиолошки локалитети ... кои по проценка на Лилчиќ се околу 100.000 ... досега регистрирани со проектот Археолошка карта се над 4000 локалитети ... а државата има комплетни или полукомплетни досиеја за околу 200 локалитети.
За ова тогаш напишав пост ДИГИТАЛИЗАЦИЈА на архео-локалитетите во МК ...
Преку написот на Вечер - Археолошкиот катастар ќе чека подобри времиња ... дознаваме дека државата во ова време има други приоритети во културата ...
** Доделени им се само 200.000 денари и изработка на археолошкиот регистар за локалитетите кај Кавадарци и Неготино.** Разбираме дека Министерството во овој период има други приоритети. Овој проект не е желба на една институција, туку еминентни професори и археолози сметаат дека државата мора да се алармира по ова прашање. Нашата цел со овој проект беше да алармираме за големата потреба од регистрирање на локалитетите низ Македонија. Државата мора да стави рака врз сопственото археолошко наследство. Таа мора да го познава и да го контролира своето наследство.
** Идејата ни беше да има десет тима со по три члена, двајца археолози и еден геодет коишто ќе имаат задача да извршат геодетски снимања на терените низ Македонија и да регистрираат археолошки локалитети. Финансиската конструкција за овој проект беше околу 4,5 милиони евра. Тимот би бил опремен со најсовремени средства за снимање на теренот и со околу 500.000 евра би се направил центар за дигитално сочувување на податоците, објаснува Лилчиќ.
No comments:
Post a Comment