Водени од лесно изговорената реченица на Роберто Беличанец кој во емисијата „Без пардон“ на МТВ1 дека: „70-80% од блоговите се ѓубре, од кое пола се расистичко ѓубре“.
Во дискусите кои се водеа на постот на Комуникации - Без пардон, a и без усул ... и на блогот на RIBARO - Блоговите се ѓубре? ... како и на повеќе други блогови ... се водеше муабет за моменталната улога на Блогот во МК услови ... што е ... дали е само кумуникациски канал ... дали блогот е алтернатива на мејстрим медиумите ... или е само “шум“ - кој е преполн со “ѓубре“ ...
Не дека господата кои застапуваат вакви или онакви тези незнаат ... бидејки по самата струка сето ова треба да го знаат ... се поведе инаетлива дискусија за сето ова и се договори средба “Face 2 Face“ ... помеѓу промоторите на многуте коментари ... средбата се одржа сношти во “НВО Инфоцентар“ со почеток од 18 часот ...
Се собраа дваесетина блогери од кои повеќето се едновремено и новинари или студираат новинарство (повеќето блогери беа и учесници во дискусиите ...)... Условно речено другата страна ја представуваа Роберто Беличанец и Сашо Ордановски ... На мое изненадување беше присатен Димитар Буковалов од Министерството за Транспорт и врски - творец на многу закони и стратеги од областа на ИКТ технологиите ... се изјасни дека дошол како граѓанин ... Дали тоа законодавецот решил да пушта прсти и да ја устројува МК блогосфера ?? ... за ова имаше муабети и најави по познатиот случај на еден МК блогер кој пишуваше навредливи постови за бугарските медицински сетри кои ги судеа во Либија ... бугарски Фокус и пола БГ парламент се дигнаа за случајот ...
Ке ги едитирам и учесниците блогери ... за да не заборавам некој ...
Дискусијата ја отвори Дарко од Комуникации и појасни што беше поводот и дека ова треба да се свати и како можност да се разменат размислувања - каде е во моментот МК блог и блог заедницата ... и која е нејзината иднина ...
Запрашани од блогерите кој беше мотивот да се нападнат МК блогери - дека се ѓубре и расисти ... Беличанец рече дека е тоа негово мислење кое го изговорил во поменатата емисија на МТВ1 .. и дека не одстапува во таквото мислење и покрај многуте дискусии на блогот ... Ордановски пак се задржа на тоа дека МК блог неможе сеуште да му конкурира на мејнстрим медиумите ... дека квалитетот на блог записите е видно низок и дека ...
Откога се појасни дека неможе да се поистовети поимот блог - само со поимот на интернет граѓанско новинарство, кое е само еден дел ... туку дека блогот од почетната дефиниција за личен дневник ... еволуирал и се развива во многу правци ... и дека скоро секој блог е приказна за себе но дека можат и да се сведат во многу групи на заеднички интереси ... па така на повеќето од блогерите блогот им е забава ... каде си ставаат забавни содржини (слики, музика, поезија, раскази ... често случки од нивниот живот ... и незнам што се друго ...) откога се сложиа скоро сите со ова ... се помина назад на темата - може ли блогот да пренесува информации/пораки/вести ... и дали блогот е медиум ...
Дискусијата отиде во правец дека - секако дека и блогот е медиум бидејки тој праќа двонасочна и повеќенасочна порака помеѓу повеќе луѓе ... и во сите правци ... Но се истакна дека најновата улога на блогот е - можноста да прочитате МИСЛЕЊЕ ... СТАВ ... дека дури и мејнстрим медиумите одат во тој правец ... дека вестите се општо достапни и не се веќе нешта околу кои се трудат медиумите ... има толку агенции кои “бесплатно“ ги пренесуваат вестите ...
На прашањето кој е мотивот некој да пишува блог ... се искажа дека има и професионални блогери кои заработуваат од своите блогови но се разбира во МК услови нема таков блог ... а најголемата евентуална корист од блогот, осем се разбира личната сатисфакција е дека блогот се повеќе представува лично CV - Resume ... Предноста на блогот пред мејнстимот на интернет е огромна бидејки блогот го сакаат пребарувачите и го исфрлаат високо на секое пребарување .. а дека посебен белег и предност на блогот му дава користењето на линкот ...
Се допра темата на цензура на блогот ... Тука ке кажам мое мислење дека - теоретски не е возможно да се цензурира блог... и дека е возможна само автоцензура ... Да, за цензурата се спомна дека осем во Кина и некои слични земји слободата на интернет изразувањето е сеуште недопрена ... највеќе заради тоа што е и невозможно да се прави цензура на мислењето ... а богами не е ни потребно ... За цензурата во Хрватскиот блог видете запис тука ... а Време веќе имаше напис СО НОВИТЕ ЗАКОНСКИ МЕРКИ - Државата ќе им ја затне устата на БЛОГЕРИТЕ
За иднината на интернетот и блогот - секој си кажа свое мислење ... некои велеа дека блогот неможе да му конкурира на мејнстримот ... моето мислење за ова е дека - во мометот интернетот се развива со геометриска прогресија ... мејнстимот е во тенденција на пад на читаност ... со слична геометриска прогресија се развива и блогот во сите видови ... дека милиони луѓе пишуваат свои содржини и дека скоро се што ти треба да дознаеш можеш лесно и брзо да го дознаеш - ако имаш доволно познавање на англиски јазик и добар интернет пребарувач ... отука и огромниот пораст на влијанието на блогот и блогеската заедница за разните погледи на светот во сите сфери ... Во МК е само потребно да се подигне нивото на Интернет Пенетрацијата (ИП) (незванично дознав од Буковалов дека на крајот на минатата година во МК има над 100.000 бродбенд корисници ... што е 5 процентна пенетрација ... а дека вкупната пенетрација се проценува на околу 40 проценти ...) ... Е, кога пенетрацијата на бродбенд корисниците ке достигне околу 50 проценти тогаш блоготи во МК ке ја има вистинската моќ на пренесување на порака и мислење ...
Незванично некој спомна дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ веќе почнала прелиминарни разговори со некои блогери кои веќе се претпознатлив бред со својот НИК ... да се приклучат на нивниот табор ... и ова е знак дека и политичарите читаат блогови ... а и дека можеби се ближат избори ... и дека во блогот препознаваат средство за пропагандни цели ... Блогот е доста присутен во Председатеслките избори во САД кои се во тек ... Се спомна и тоа дека во ЕУ скоро сите попознати политичари имаат свои блогови ... а од поблиската околина богот на Дрновшек, блогот на босанскиот Председател ... или блогот на Председателот на Иран ... МК политичари сеуште не ја сватиле шансатата која ја пружа блогот да пренесат порака да своите бирачи ...
Се спомна и тоа дека сеуште оние кои се рекламираат - недоволно добро ја препознаваат шансата да се рекламираат кај некои блогери и блог платформи ... додека во светски размери ваквата реклама се мери со стотина милиони долари ... Да, и ова ке се смени - кога драматично ке порасне ИП во МК ...
Тука ке завршам но ке едитирами други работи кои ке ми текнат одкога ке го преслушам тонскиот запис на средбата ... дел од поедини коментари ке пренесам како нивни коментари ... се надевам дека Дарко ке го подигне целиот МП3 запис на интернет и ке подигне неколку слики ...
No comments:
Post a Comment