Градот Скопје ови денови лиферува решенија за 2008 година ... за наплата за “Комунална такса на фирма ...“ фирмарина ... Износот е 8.000 денари за седиште на фирмата и по 2.000 денари за секоја подружница, дуќан или слично ...
Колку знам едно време “фирмарината“ беше оспорена пред Уставен суд ... чинам дека падна на Уставен суд ... како и да е ова е уште еден удар за малите фамилијарни фирми, кои континуирано се напаѓаат со разно разни фиксни давачки ... сеедно дали си фабрика од 5.000 врабтени или фирма човек фирмарина мора да платиш ... тоа заедно со фискалните каси - нивното одржавање ... водењето на сметководствот ... плаќање секоја година на крај на пресметковниот период за контрола на твојот финасиски резултат ... се фиксни трошоци кои не можат да ги издржат малите фамилијарни фирми ...
Како ке ги убедиме оние луѓе по пазарите кои ги тераме да регистрираат фирми ... за да влезат во даночниот систем ... континуирано се затвараат малите бизниси ... со трошоците на легалното работење нема ефект ... да не заборавиме дека сите плаќаат и кирии за деловните простори ... Ова е и глава причина што сите мали фирми и гранапи често затвараат ... Дали се исплати самовработувањето ?? ... ако се сеќавате на крајот на минатата година Министерството за финасии воведе и Данок на вкупен приход за ваквите мали фирми ... ова како противуставно решение падна на уставен суд пред некое време ...
- БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... втор дел ист кадар ...
- Данок на вкупен приход
- Стопанството по мерка на големите - особено странските инвеститори ...
No comments:
Post a Comment