Во најстрогиот центар се започнува уште со една градба, градба која беше поврзана со голема афера, каде Министер за транспорт продаде плац во најстрогиот центар за само 25 евра квадрат ... министерот се смени, но продажбата остана ... од тогаш до сега изминаа скоро 6 години аферата си остана само афера нема судскки епилог ... крупната зверка си остана заштитена ... тој нели одговара само на својата политичка партија ... и вистина така бидна ... ни антикорупциска ни бутур ...
Згора на сето ова урбанистичката мафија ја “доработе идејата“ за продажба на плацот ... ја зголеми маркичката и габаритот на објектот ... Тоа и беше причина што до сега не стартуваше градбата на објектот ... Се чини дека со Плоштадот во Скопје се случува загушување (пренатрпување на објекти), како и во Капиштец своевремено, Карпуш и Буњаковец во сегашноста ... да, ке ја заборавев Кисела Вода ... во последно време се напаѓа и Ајродром и Ново Лисиче ... за околу Олимиско ич да не зборувам ... секако не смее да се заборави цело Водно ... и најновите случувања околу Скупи ...
1. Градска куќа; 2. Музеи на ВМРО и на жртвите од комунизмот; 3. Хотел; 4. Црква; 5. Катна гаража; 6. Деловна зграда на шест ката; 7. Скулптура на Александар Македонски; 8. Скулптура на Никола Карев; 9. Скулптура на Даме Груев
1. Градска Куќа http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=91
Во суштина се работи за обнова на стариот офицерски дом, плус една стаклена купола (во последно време ништо не смее без купола нели) и со ентериер од сосема друг современ проект од истиот конкурс. Како тоа ќе се вклопи само господ знае. Замислено е во бјектот да се сместат просториите на институцијата градоначалник, да се префрли матичната служба за венчање и дополнително да се користи како репрезентативен објект за разни приеми, изложби и сл. Покрај сите замерки што ги имам, сепак генерално гледам благо позитивно на проектот.
Конкурсот (очигледно нејасно дефиниран ако се суди според пристигнатите трудови) се одвиваше во почетокот на 2007 и победи Коста Мангаровски (со реплика на стариот објект и со официјално лошо решена внатрешност)
Изградбата треба да почне годинава (2008), а рокот за завршување е 2010.
Инвеститор е Министерство за Култура
2. Деловен објект http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173
Ова се обидуваат да го протнат како „реконструкција“ на некогашната Народна Банка (според медиумите има и одлука на советот на општина центар од 2006 со која изгледот треба да биде идентичен), но јасно е дека новиов објект ќе нема скоро никакви допирни точки со стариот. Нормално, бидејќи зад ова стои Камчев, нема никакви проблеми да се игнорираат прописите. Тоа е само какпак на целата афера со купувањето на парцелата што беше класичен пример на криминал и корупција. Ако гледавте „Код“ на А1, ќе видевте прилично комично оправдание на „наивниот“ Агрон Буџаку, како дошло до таква багателна продажба во четири очи (25 евра по квадрат за една од најатрактивните локации во градов)
Изградбата треба да почне во март или април, а рокот е година и пол.
Инвеститори се фирмите Дивелоп и Латис, а зад целата работа извесно е дека стои Орце Камчев.
3. Катна гаража (истиот линк како за бр.2)
Катнава гаража ќе јагради истиот инвеститор што го гради претходниот деловен објект. Таа е вметната со новите измени на ДУП-от и ќе биде висока 12м. Бидејќи по малку ќе се гледа и од плоштадот и од кејот, загрижен сум каква ќе биде нејзината надворешност.
Ќе се гради паралелно со деловниот објект бр.2
Инвеститори се исто така фирмите Дивелоп и Латис
4. Подземна улица (истиот линк како за бр2)
Ова е во функција на претходните два објекта. Според ДУП-от улицата треба да се продолжи и до подземните гаражи под плоштадот, но претпоставувам дека инвеститорот е обврзан да ја изгради само до сопствената катна гаража. Улицата ќе биде широка 7м, а ќе биде на длабочина од 4,5м.
И улицава ќе се гради паралелно со претходните два објекта.
Инвеститорот тврди дека според нивните груби проценки цената ќе биде 2-3 милиони евра.
Инвеститори се повторно фирмите Дивелоп и Латис
5. Фонтана и коњаничка скулптура на Александар Велики http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=85
Ова се турка крајно нетранспарентно дури и за наши услови. Да не навлегувам во политичката нерационалност на ваков потег во овој момент, само сакам да забележам дека претходно планираната голема фонтана со сонце и етно елементи е многу поприкладна во кругот. Ако веќе толку сакаат да градат споменик на Александар, најдобро место е триаголникот пред Лумикс кој е како создаден за споменик, а дефинитивно не за црква.
Проектот за споменикот формално самостојно го води општина центар, што е неприфатливо, а очигледно и нелегално.
6. Коњанички скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156
Со сите недостатоци, оваа идја е веројатно најмалку штетна од сите други глупости што власта моментално насилно ги турка во малиот ринг. Немам информација до каде се работите...
Истата неприфатлива ситуација како и за претходниот случај - работите формално самостојно ги тера општина центар. Конкурсот е веќе распишан (на почетокот на годинава) и ќе трае до 31 март.
7. Реновирање на поранешната стоковната куќа Типо http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=187
Од надвор реновирањето го оценувам како просечно (веројатно не можеше повеќе затоа што ете дури и таа зграда била заштитен споменик на културата). Од внатре останува да видиме, ама замислата да се расцепка на бројни класични дуќани воопшто не ми се допаѓа. Повеќето од нас се сложивме дека оној празен ѕид спрема плоштад плаче за LCD екран. Исто така останува прашањето што со просториите на „Маврово“ над стоковната... Да се надеваме дека и тие ќе се реновираат барем од надвор.
Реновирањето почна лани, на големо ги проби роковите, ама изгледа конечно привршува.
Инвестицијата изнесува 2 милиони евра.
Инвеститор е „Градиска“ или „Градишка“ (новинарите немаат консензус околу ова комплицирано прашање)
8. Лумикс http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=188
Мислам дека на сите ви е горе-доле позната приказната. Лично јас сум подржувач на проектов и сметам дека многуте негативни реакции беа предизвикани од малограѓанска свест и поради непринципиелната хајка што се поведе да се оцрни проектот.
Прво беше почнато со градба во 2003, па беше стопирана... Се продолжи во 2004. По редовно пробивање на неброени рокови, Лумикс се уште не е готов. Како што тврдат моментално работат на завршни „ситници“.
Фирмата инвеститор (ако може да им се верува на новинариве) има егзотично име... „Лумикс, Драгиша и други“.
Главен изведувач е Маврово
9. Партерно уредување (околу Лумикс и на потегот до плоштадот Пела)
И ова требаше да биде одамна завршено. Во моментов се препукуваат Лумикс и општина центар околу тоа кој ја кочел работата.
Барем за делот околу Лумикс инвеститор ќе биде неговиот сопственик, а за делот накај Пела не сум сосема сигурен дали е одговорност на општината или повторно на Лумикс.
10. Пешачка улица 27 Март
Општина центар најавува претворање на улицава во пешачка зона и уредување со урбана опрема уште од 2006. Пред некое време повторно слушнав најава... На времето во игра беше донација од УНДП и од норвешката и шведската амбасада. Во склад со транспарентноста на општина центар, немам поим што се случува околу овој проект моментално. Се ближат локални избори, па можеби Аларова ќе се посвети повеќе на работата, а помалку на криминалите, па конечно ќе се реализира овој проект.
11. Деловен објект http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=8939246&postcount=35
Објектов требаше да биде седиште на Македонска Банка, но после сите дешавки околу банката, сега е во сопственост на фирми на Трифун (информацијава е од член на форумов, Ганчо).
Долго време седи така недоградена и прашање е кога ќе се рестартираат градежните работи. Добар аргумент за некаква регулатива за рокови во изградба
12. Хотел
Ова беше најавено лани, но не располагам со датуми и рокови. Изгледа се работи за средно голем хотел.
Инвестицијата е најавена да биде 5 милиони евра.
Инвеститор е „Македонија Турист“.
13. Деловен Објект
Добро познатата „Тифани“, заплеткана во криминалните игри на Љупчо Палевски „Палчо“... Ова е и голем грев на Грчев, на кого паѓа најголем дел од вината зошто мораше да се изместува подземниот коридор под плоштадот (што очигледно ќе значи полошо а поскапо решение). Но и покрај тоа Палчо имаше дополнителни отстапувања во градбата, па пред една година имаше рушење на делови. До каде е работава моментално не знам. Дополнително е заплеткана и со новата афера за купување на простории од страна на УЈП. Зградата според мене е грда и особено неприкладна на таква локација, ама подобро веќе еднаш нека се догради отколку да стои така.
Инвеститор е УПА Ентерпрајз на Љупчо Палевски.
14. Станбено - деловен објект http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=140
Ова е зградата која ја ословуваме како „Палата Чиктушеви“, по некогашниот објект на таа локација. По мое мислење ојектот на рендерите изгледа солидно. Вистина, не е ништо спектакуларно, но со оглед на тоа какви карикатури има и се готват во мал ринг, мислам дека во споредба можеме да бидеме презадоволни.
Изградбата почна во втората половина на 2006
Инвеститор е „Град - СК“
Главен изведувач е Бетон Штип
15. Хотел + деловен објект + катна гаража http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=288
На местото на старата печатница Гоце Делчев (која долго време е ругло и опасност), треба да се изградат хотел, административно-деловен објект и катна гаража (сите). Ако може да му се верува на бараба и лопов од калибарот на Зоран Азманов (газдата), тогаш тука ќе никне Шератон под франчиза. Овие шпекулации уште повеќе се засилија откако тој ги продаде своите акции во Бетон за околу 5 милиони евра (кои патем ги купи багателно во времето на Љубчо). Ама типот се жали дека за локацијата го саботирала стечајна судијка и веќе се заканува со тужби за обештетување од државата. Барем формално спорот е хипотекарен.
Азманов тврди дека бил спремен веднаш да почне со градба.
Исто така наводно веќе имал „подготвено“ 12 милиони евра за проектите.
Инвеститор би била неговата Настел Инжинеринг
16. Деловен простор
Овде веќе подоло нешто се доградува, преградува и крпи... Којзнае како дошле до дозволи за такви интервенции и импровизации.
17. Спомен дом на Мајка Тереза http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=143
Ова што го готват (на нивниот вообичаен насилнички начин) е едно невидено ругло што е спорно и контроверзно од многу аспекти. Исто така е практично нелегално избрано на оспорен и очигледно наместен конкурс.
Првиот конкурс беше објавен во почетокот на 2007, а повторениот повикан конкурс кон средината на годината. „Убавата“ вест дека победил Вангел Божиновски со неговата бљувотина ја дочекавме во август.
Неофицијално се силеа дека камен темелник ќе удреле уште кон крајот на 2007, ама сега официјално најавуваат дека тоа ќе се случело во март-април годинава.
Инвеститор е министерството за култура.
Да не должам сега многу, опсежен осврт за ова ќе најдете на линкот погоре. Најважно е дека мора жестоко да се бориме и по секоја цена да ја спречиме изградбата на овој проект во сегашната форма. Речиси општиот консензус против објектов дава надеж и треба да се искористи и анимира!
18. Соравија Центар http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=7
Центарот ќе содржи деловен простор, трговски центар и подземна гаража. Оваа зграда имаше комплицирана и „несреќна“ историја, па долго седеше недовршена. Со купувањето од страна на австриска Соравија сето ова се смени. Мене единствено ми пречи премалата висина на зградата која е нескладна со формата и големата основа.
Работите почнаа во април и тогаш најавија дека ќе финишираат на почетокот на годинава.
Инвестицијата во реновирање и доизградба изнесува 20 милиони евра (ја купија за 10,3)
Инвеститор е „Soravia Group“
Главен изведувач е „Strabag“
19. Надградба на ГТЦ http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=128
Ова официјално беше објавено во ноември 2007. Станува збор за уште еден кат кој (според некои извори) би придодал 14000 метри квадратни корисен простор. За таа цел веќе го променија и ДУП-от. Немам ништо против ако се изведе добро, но досегашното искуство ме плаши... Којзнае што ќе измислат (ако веќе немаат измислено). Треба да се земат во предвид и оние пет грди згради таму, ако некој води сметка...
Беше оптимистички најавено дека изградбата ќе финиширала до крајот на 2008.
Инвеститор би била државата (?!?) или би влегла во соинвеститорство со приватен субјект.
20. Мост на Цвеќето (нешто повеќе за мостов можете да прочитате во оваа нишка)
Се работи за пешачки мост кој ќе го поврзе ГТЦ со платото пред МНТ. Мостов мислам дека ќе има добра функција (пред се да ја анимира левата страна), само ни останува да се надеваме дека убаво ќе изгледа. Инаку во медиумите по обичај беа изнесени нејасни и контрадикторни податоци, па немам сигурно инфо околу деталите или некакви конкретни дати и рокови.
Како инвеститори исто се наведуваат повеќе субјекти. Од тоа дека Општина Центар веќе издвоила средства (каде 25 милиони денари, каде 450000 илјади евра), до тоа дека Комерцијална Банка ќе ја покриела целата финансиска конструкција, па се спомнаа и информации дека ќе се барале пари од претпристапните фондови на ЕУ... Но комент...
21. Реконструкција на Камени Мост http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=68&PN=1
Децениската реконструкција веројатно трае подолго од самата изградба на мостот. До сега се потрошени околу 3,5 милиони евра. Неодамнешната донација од Истанбул (за која имам сретнато 4 различни цифри во опсег од 1,1 до 1,5 милиони евра) влева надеж дека реконструкцијата конечно ќе финишира. Синоќа поминав таму и гледам почнале да работат на обнова на стражарската кула.
Рокови веројатно веќе никој не се осмелува да спомне.
22. Музеј „Македонска Борба“ http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=139
Музејскиов комплекс треба да содржи Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот . Да не навлегувам во политичките аспекти на проектов, само ќе се задржам на естетските. За жал имаме рендери од други проекти на конкурсот, ама победничкиот како да е некаква воена тајна. Тоа е доста индикативно само по себе. Се прашувам каков кичерај имаат замислено повторно... Слушам и за некаков голем златен лав на фасадата, што наговестува отприлика во кој стил е сето тоа. А локацијата е од огромна важност!
Конкурсот беше во првата половина на 2007. Барем формално автор на победничкото идејното решение е некојси Зоран Јордановски.
Немам наидено податоци кога треба да почнат со градба и до кога е рокот.
Инвеститор е министерството за култура.
23. Национален Театар http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=116
Обнова на стариот театар (со малку изменет изглед и особено внатрешност, малку изместена локација и обратно орјентиран). Ќе има голема сала со 756 и мала сала со 236 седишта. Автор на проектот е „генијалниот“ Јован Стефановски - Жан. Градежните работи стартуваа на самиот почеток на 2007, но брзо запреа поради фијаското со големината на маркицата, за што требаше речиси цела година да се разреши. Така да проектов веќе на големо доцни... Работите продолжија во декември 2007. Рокот е крај на 2009.
Инвестицијата (само за градежните работи) ќе изнесува 6 милиони евра. За специјална театарска опрема ќе требаат дополнителни средства.
Инвеститор е министерството за култура.
Главен изведувач е Бетон Штип.
24. Меморијален центар на Холокаустот http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=6278798&postcount=10
Ќе содржи музеј и арт центар.
Почна да се гради во 2005, а рокот е 11 март 2008 (што е нереално со оглед на ситуацијата на терен)
За цената сум наишол на најшаренолики информации во огромен спектар, но најверодостојни ми изгледаа информациите дека проценката на времето се движела помеѓу 5-7 милиони евра. Средствата се обезбедени преку фонд од денационализација на имототе на македонските Евреи, кои биле скоро комплетно збришани од страна на нацистите.
Главен изведувач е Бетон Штип.
25. Македонска Филхармонија http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=130
Една од ретките навистина светли точки во последно време. Да се надеваме дека реализацијата на проектов нема да заглави или да се одолговлечи. Треба да има голема концертна сала со 1100 седишта и мала алтернативна сала со 300 седишта.
Конкурсот беше во средината на 2007 и победи решението на Виктор Михајлов. Изградбата е најавено да почне во април годинава, а треба да заврши во 2009.
26. Плажа на Вардар http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=153
Ова упорно го најавува нашиот мрднат градоначалник Трифун. Според неговиот план ова треба да се реализира на потегот од Камени Мост до МКЦ. За секој нормален човек ова е тотално несоодветна локација. Дополнително, Скопје има многу подобри алтернативи (што беше опсежно дискутирано на форумов). Песочна плажа и спортски терени едноставно се најголемата глупост што може да се направи до камени мост, пред операта и балетот, идната филхармонија, возобновената црква, карши ГТЦ и со поглед од плоштадите. Чист идиотизам! За жал деновиве, по којзнае кој пат идејава повторно се актуелизира (ова беше спомнато на урбаните вести на МТМ во петокот). Се ближат избори, па се плашам дека овој пат може посериозно да се зафатат со реализација. Претпоставувам ни самиот Трифун веќе нема илузии дека има шанси да биде реизбран, но можеби сака малце да си го „испере“ образот пред крај... А ваков евтин проект кој наидува на добар прием кај градските сељаци е идеален за таква намена.

Основниот проблем е просторен, но се добива впечаток дека целта на овој проект е да може да се насадат задолжителните куполи. Ќе беше добро да беа малце потранспарентни па да можевме да видиме во кој правец се движат, сепак се работи за Собрание... Ако се суди според игрите околу комисијата за надградба, работата не е на арно (таму се неизбежните Вангел Божиновски, Јован Стефановски-Жан и Паско Кузман кој како директор на управата за заштита на културното наследство, сам се предложил за член).
- Коњаничка скулптура на Никола Карев http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156
Локацијата е пред собрание. Според мене тоа е идеална локација за идеалната личност. Но не можеа а некако да не ја заебат работа, па решија и него да го качат на коњ. Па побогу, човекот бил претседател на првата република на Балканот... Нели повеќе би прилегало да се долови во државничко и интелектуално светло?
Проектот за спомеников (како и за претходните наведени споменици) формално самостојно го води општина центар, што е неприфатливо, а очигледно и нелегално. Конкурсот е веќе распишан (на почетокот на годинава) и ќе трае до 31 март.
- Уредување на третиот дел на Улица Македонија http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=160
Овој дел во догледна иднина ќе остане отворен за сообраќај, па овде се уредуваа само тротоарите. Синоќа кога поминав ми изгледаше дека завршиле, ама тој знакот за изведување на работите уште стоеше, па не знам сега...
- Карабината на бивша Југобанка http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=290
Таканаречената „зграда убиец“, која недоградена стои веќе речиси две децении е уште подобар пример од зградата на „Македонска Банка“ дека со регулатива треба да се ограничи времето на изградба. Да биде уште потрагично, зградата сега е во сопственост на владата. Зградава има долга, тажна и заплеткана историја. Во 2001 беа планирани од буџетот 12 милиони тогашни германски марки, но поради конфликтот тоа пропадна. На почетокот на минатата година владата повторно најави дека ќе ја доградува зградава, но се уште нема ништо поконкретно.
9 comments:
Prijatele, super blog! Blagodarenie na nego ubavo si se informirav za planovite so ploshtadot i okolu nego.
Me interesira samo edno.... shto se sluchuva so onoj hotel shto se planirashe na ploshtad? Pogore na nekoi od skicite stoi kako plan.
анальные попки опкончался!!
http://gogokolt.8k.com
самые красивые попы http://gogokolr.8k.com
а вы?
огромные сиськи у толстушки опкончался!!
http://glazgo.htmlplanet.com
эротические рассказы с картинками http://sdfsdsrr.itgo.com
а вы?
[url=http://moomof2.htmlplanet.com ] ева герцигова без трусов [/url] опкончался!!
[url=http://glashatajre.8m.com ] голенькие киски фото [/url]
а вы?
[url=http://moomofe.i8.com ] эскорт агентства киева [/url]
фото красивой груди опкончался!!
http://kentine.iwarp.com
порно в клубах онлайн http://kentinr.iwarp.com
а вы?
[url=http://acquistocialisfacile.com/#10399]cialis ricetta medica[/url], cialis, http://acquistocialisfacile.com/#43323 cialis
[url=http://acquistocialisfacile.com/#44518]cialis[/url], cialis, http://acquistocialisfacile.com/#42920 cialis
[url=http://viagraacquistoitalia.com/#39143]viagra[/url], acquisto viagra, http://viagraacquistoitalia.com/#83969 acquisto viagra
[url=http://viagraacquistoitalia.com/#39138]viagra[/url], acquisto viagra, http://viagraacquistoitalia.com/#86448 acquisto viagra
Post a Comment