Сношти во Културниот центар точка се одржа последниот ден од конференцијата со тематика за Преименувањето ... т.е. таканаречената машина за преименување ... The Renaming Machine - Skopje 29-30.09 ... сето ова е дел од проект кој го водеше Др. Сузана Милевска ... веројатно за да појасни некои процеси на Преименување кои нам ни се случуваат во последните 15 години ... за што говори и првата слика од постот која ја направи Центарот за нови Медиуми ...
Учесниците од првиот дел на Конференцијата која е од меѓународен карактер, со гости од Бугарија, Словенија, Романија ... се одржуваше на англиски јазик ... за мене најзначаена беше опаската на Жарко Трајановски дека: ако нас не обвинуваат дека сме го “окупирале“ именувањето со Македонија и Македонци ... тогаш тоа го прави и ЕУ - окупирајки го терминот “Европа“ во кој не се вклучени сите географски делови на Европа ...
И за првиот и за вториот дел имаше заволителен број на публика ...
За нас блогерите поинтересен беше вториот дел од Конференцијата во која блогерите зборуваа за преименувањето ... Фемгерила го отвори овој дел, го истакна и своето одлично познавање на англискиот ... Рече дека како составен дел на проектот вклучени се неколку блогери кои дадоа свои мислења за темата на свои постови:
- Машина за преименување - femgerila ... зборуваше и за поврзаноста на никот (во случајот на блогот “самоиницијативно преименување“ ...) и блогот како личен медиум ... на темата отпосле се разви и интересна дискусија ... каде Милевска истакна дека - во блоговите како да се случува нешто што се случува кај индијанците ... каде децата немаат имиња се додека не потпораснат и по нешто не станат препознатливи ... имаше и други интересни дискусии ... за да не го оптеретувам постот ... можеби секој ке си ги каже своите дискусии во свој коментар или пост на неговиот блог ..
- Именологија ... oksimoron
- Guildmaster says I'm a hustler - Kyril
- Покана за јавна дискусија - Машина за преименување - Arwena
- Препрезименување и измислување име за виртуелниот простор - gersanina
No comments:
Post a Comment