Search This Blog

Loading...

Sunday, October 26, 2008

КОСАНА НИКОЛИЌ МАЗНЕВА ...

http://www.sobranie.mk/Pratenici2008/knik.jpg

Утринава ја гледав емисијата на Дом и дизајн - каде гостинка беше младата Госпоѓа Косана Николиќ Мазнева, пратеничка на ВмроДпмне ... воедно и Председателка на “Унијата на жените на ВмроДпмне“ ...

читај повеќе »

Морам да кажам дека ме плени со својата појава, со среденоста во одговорите на поставените прашања и особено со прекрасно уредениот дом ... се представи како одлична мајка, сопруга и домаќинка ... Некои ја вбројуваат меѓу најубавите пратенички во МК Парламент ...

  • Косана Мазнева е родена 11.08.1972 година во Скопје, Република Македонија.

    Завршува на Природноматематички факултет во Скопје, насока биологија.

    Работно искуство: професор во ДСУ Здравко Цветковски, ДСУ Никола Карев и Основното Училиште Гоце Делчев во Лисиче .

    Од 2005/2006 година е со ангажман - асистент демонстратор на катедрата по биологија со активно учевство на проектни активности во повеќе лаборатории на Институтот по Биологија и невладините организации за заштита на природната околина .

    Има членувано во повеќе организации меѓу кои : Потпретседател на Македонски Рамсарски комитет, Потпретседател и еден од основачите на најстарата еколошка невалдина организација во Македонија : Друштво за проучување и заштита на птиците во Македонија.

    На парламентарните избори одржани на 1 јуни 2008 година, избрана е за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во првата Изборна Единица.

http://www.vmro-dpmne.org.mk/vesti/images/Godisna%20konferencija%20na%20Unija%20na%20Zeni.jpg http://217.16.95.26/WBStorage/Articles/680F480A75975A43B4ECF9D5597E0D91.jpg http://217.16.95.26/WBStorage/Articles/6B4E57C2831E8C4782561A7D3AE9BCBD.jpg http://www.vmro-dpmne.org.mk/Uploadedimages/Kosana%20Mazneva-FIN.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter