Може ли од граѓанинот БЦ корист да има СДСМ ... Црвенковски не е престарен и не е неинтелегентен, не е ни неспособен ... но што ново ке понуди на политичката сцена ... се` што имаше да се види од него е видено ... ги имаше сите шанси на овој свет од Македонија да направи успешна приказна ...
Беше, Премиер во неколку манадати ... не може да се вади дека прекратко му било времето ... дека ке му трганало ама ете само што почнал и дошол крај на мандатот ... имаше и врзани мандати ...имаше и апсолутен мандат со двотретинско мнозинство ... еве и Претседател е ... кои се неговите успеси:
- приватизацијата ...
- октоподот ...
- зголемување на стандардот на Македонецот ...
- намалување на вработеноста и покрај неговите “бранкови“ закони ...
Ако мислите дека го мразам Црвенковски се лажете ... секогаш сум имал почит кон функциите додека ги обавувал ... но покажа дека кога е на власт нема резултати ... или барем јас не ги гледам ... велат бил поштен/не крадел ... не се нафатирал како некои други ... можеби ... но во негово време се нафатираа многумина ... се створи јадрото на денешните МК олигарси ... но ете тој иако бил најблиско до медот не пробал од него ... Тоа ви е како да кажете дека сте биле СУЛТАН ... дека сте имале на располагање неколкус стотина анами во харемот ... ама ете вие само со првата/венчаната жена сте имале односи ... другите Ви се нуделе, ви биле на располагање де ... ама вие сте ете човек од железна воља и не сте направиле грев ... иако на султанот нели му следуваат анамите ...
Како мисли СДСМ со ваква “прочитана книга/стопати виден филм“ да искочи на избори ... толку ли немат идеии во таа некојпат навистина голема партија ... каде им се младите сили ...
Ке кажете што ми е гајле за СДСМ, кога не сум нивен член ... како граѓанин сакам да има барем две рамноправни партии во политичкиот живот во Македонија ... кои демократизирајки ги своите редови ке ја демократизират и државата ... за жал се покажува дека не можеме да излеземе од таканаречените човек/султан партии ... дури и кај најголемите ...
А Црвенковски и другите постари.ислужени кадри во СДСМ треба да имаат свое место во вториот и третиот ешалон на партијата ... да ги советуваат младите и новите кадри ... така е по светот ... не се сеќавам дека некој толку време е во врвот на партиите кои ја сочинуваат ЕУ демократијата ... особено ги снемува одкако ке ја изгубат власта или одкако нема да ја добијат ...
Тука секоја чест за Шекеринска ... ги изгуби изборите и чесно се повлече ... иако не ми е беше омилена додека беше во врвот на партијата и во врвот на власта поради нејзината надменост и себеистакнувањето а омалуважувањето на другите ... со оставката ги собра сите мои симпатии ... тоа е европски чин ... губиш избори се збогуваш од носечкото место во партијата ... се посветуваш на приватната кариера и фамилијата ... а на партијата помогаш советодавно ... ако таа има потреба од твоите совети - а секојпат има ...
Постов требаше да оди кога СДСМ имаше Конгрес ... кога на мое општо изненадување партијата се одлучи да го чека Црвенковски да му заврши мандатот како Претседател на Македонија ... па повторно да застане на чело на партијата ... не сум чул за друг пример на ВД Претседател ...
1 comment:
Jako lepo "volan" batka,mnogu ubavo i realno napisano,samo edno me buni i toa mnogu,ona de za SULTANOT i za anamkite nekako nema tuka logika,ne mi e bas za veruvanje ali nema veze,malku go upropasti tekstot so spomnuvanjeto na onaa Sekerinska no sepak taa e del od sdsm(za sreka).Pak ne mi se veruva za anamkite,he,he,he.
Post a Comment