Катарина Блажевска во денешниот напис во Дневник - САД силно не' притискаат за името ... ни пренесува порака од Даниел Фрид - во која вели да го прифатиме последниот предлог на Нимиц ... со мали забелешки ...
- Зграпчете го последниот предлог на посредникот Нимиц и направете ја светла иднината на вашата земја и на вашите деца. Тие ќе ви бидат благодарни за тоа - изјави вчера Фрид.
- Фрид рече дека за пет недели има министерски состанок на НАТО и дека очекува дотогаш да го решиме спорот со Грција.
- По македонското прифаќање, ЕУ ќе ја притисне Грција и таа да одговори позитивно, бидејќи во Грција има луѓе што сакаат прашањето да биде затворено - порача Фрид.
- Македонија „може да влезе во изолација ако не ја направи вистинската работа, сега да го реши спорот за името“.
- Оваа администрација ја поддржува Република Македонија, што не значи дека и следната нема да ја поддржува. Но, ви гарантирам дека следниот претседател нема да се занимава со вашето прашање барем некое време.
- Дали сакате вашите деца да чекаат за визи и да живеат во изолација. Дали гледате иднина во тоа?
1 comment:
Ovoj Daniel mora da ima nekoja poeticna zica,ubavo gi slozuva zborcinjata ama mozaikot e malku pokompliciran.Zamislite lugje kako razmisluva ovoj idiotov,prifatete go predlogot pa nie so EU ke gi stisneme grcite i tie ke prifatele,pa majmune eden ne treba da gi stisne nikoj tie odma ke go prifatat posto predlogot e cisto na grcka strana a koga veke bile tolku jaki zosto ne gi pritisnat na predlog kako sto sakame nie,a? A da ni objasnese zosto Makedonija moze da vleze vo izolacija,pa Grcija ne go pretstavuva celiot svet,neli? Ako celata idnina ni e vo NATO i EU nie do sega trebase da isceznime zaedno so pola Evropa koja ne e vo niedna od ovie organizacii.Prikazna za mali deca,so malku "horor" demek ako ne slusate sve moze da se sluci....... Normalno deka e podobro da si clen vo EU ama decki dajte malku so usul.....
Post a Comment