Утрово гледајки А1 - се запрепастив од уште една глупава и многу опасна реклама, по примерот на онаа на МТ каде младо момче рекламирајки разговор на мобилен, во слободен пад од катот на куќата “излегувајки“ преку прозорец чекори кон надворешноста ... овојпат за сокови “Луна“ ... мало девојче од пет години отприлика месечари на кровот на нејзината куќа, со меченце во рака ... оди по ивицата на олукот и лизгавите керамиди ... со раширени раце месечерајки ... стигнува до соковите “Луна“ ... седнува и пиејки искажува задоволство ...
Што е пораката ... не е веројатно ако сакате да уживате во соковите на “Луна“ - одите по ивицата на вашиот кров, за да кога ке дојдете до сокот го осетите задоволството ... преопасна реклама усмерена кон најмладата популација ... која УЧИ ИМИТИРАЈКИ ...
Советот за Радио трансфузија/дифузија де , под итно да ја забрани рекламата ... да изрече казна ... додека навистина некое дете емитирајки ја рекламата не направи беља ... пу, пу, пу ...
- Агресивна реклама ...
1 comment:
Imitira e edno, emitira e drugo.
Post a Comment