Едниот министер за странски инвестиции кој се шеташе по светот, а ние му плаќавме кирија за неговиот стан во Њујорк ... одкако го запознавме дури и со Натали (попозната по бинго изреката “дајму на човекот“ ...) ... не е веќе во игра ... дури почна да дава спротивставени изјави за некои планови на владаата ... Бунарџик сеуште ги очекива неговите ветувања ...
Другиот министер за странски инвестиции пред некој месец рече ... толку странски инвестиции ке дојдат што ке ни здосади од странски инвестиции ... наголемо се правеше план за Бунарџик 2 ... по асоцијација на веб 2.0 ... сите локални самоуправи направија свои зони и чекаат мушетрии ... инвестициите “само што не тргнале“ ... но, се се сведува на ветување и на чекање ...
Премиерот околу изборите, често одеше до Франција и Италија, подпишуваше меморандуми за нови производни погони кои нели сеуште се во фаза на меморандум ... се заговараа педесетокатници во центарот ... три стокатници во Аеродром ... но и тие се издишаја заедно со балонот кој долго време стоеше над владата со надпис “странски инвестиции“ ... Сите светски весници го осетија бранот на саморекламирањето на владата дека ние сме спасот за светската економија ... најдобри, со најмали даноци ... амбасадорите со зајакнатите економски аташеа - кои незнам колку пати месечно треба да ги посетуваат странските инвеститори само пишуваат извешаи но странски инвеститори во зоните нема ...
Вицепремиерот Ставревски и тој во своите колумни се исфали за зголемувањата на економските показатели ... те БДП рипнал со огромна стапка ... те ова, те она ... те платите растат т.е. инфлацијат е зауздана ... те не сме криви што цените на енергесите растат како светски процес ...
Главните показатели, бројот на вработени т.е. намалувањето на стапката на невработтеност никако да тргнат од мртва точка ... заедно со зголемувањето на реалниот стандард на луѓето ... сега веројатно сите ке велат ... е што сме криви што паѓаат берзите ... што падна цената на фероникелот ... на ЕУ баш сега им текна да се занимаваат со екологијата при производство на челиците ... се некој друг ни е крив ...
Има само една апсолутна вистина ... сите пари отидоа во буџетот со кој апсолутно располага владата ... таа пали, таа гаси ... општините примаат само плата за своите административци ... владата сама ги алоцира парите за општинските потреби ... нови работни места се отвараат само во буџетските установи ... малото стопаснтво само што не издиша од притисокот на високите секојдневни намети и паѓањето на куповната моќ на граѓаниот ... т.е. давање на екстра привилегии на странците ...
Орвеловштината и борбата меѓу патриотите и издаиците е она со што не хранат ... одвреме навреме некое спектакуларно апсење ... “На балкану - ништа ново“ ... во Македонија де ...
1 comment:
More,more,samo da se pluka,poln si batka so negativna energija,oladi se malku - koga ke pomine mandatot na ovaa vlada,ke go sporedis storenoto od nejzina strana so ona sto go ima "napraveno" tvoeto sdsm,na celo so onoj rosaviot,za koj mora da se izrazam vaka socno glup e kako k.r, e togas ke go stavis napravenoto od dvata staba na vaga...toj patriotskiot i toj izdajnickiot......a vaka so plukanje,djabe si go trosis vremeto,podobro pisuvaj nesto za isceznatite civilizacii ili nesto,nesto drugo,ti teknuva batka?
Post a Comment